ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: За пожарот во Кочани Обвинителството ќе се произнесе во следниот период, никогаш не се изразив за да осудам кого било

April 3, 2025 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање  од пратеникот Блерим Беџети од ДУИ, истакна дека Јавното обвинителство ќе се произнесе во следниот период за истрагата за пожарот во Кочани  и истакна дека во изјавите никогаш не се изразил за да осуди некого. Апелира да се почека на исходот и тогаш да се направи заклучок  дали имало селективност или не и дали некој друг функционер ќе биде осомничен

Беџети на денешната седница за прашања од опозициски пратеници, во прашање  до претседателот на Владата, рече дека „сега главните виновници остануваат недопирливи, а веќе ги објавил имињата на осомничените наместо обвинителот“.

– Владата ни вели дека правда ќе има, но вистинската правда треба да произлегува од судството, не од политички прес-конференции. Како може Владата да претендира дека ги прави независно истрагите, кога Вие како премиер изјавивте дека документите на локалот се фалсификувани, пред судството да донесе одлука, рече пратеникот Беџети.

Премиерот Мицкоски кажа дека истрагата е во тек и оти очекува јавното обвинителство наскоро да изнесе нови детали и ќе каже кога истрагата завршила и ги отфрли наводите во прашањето дека влијаел врз истрагата.

– Истрагата е сè уште во тек, колку што сум информиран од страна на МВР коешто претпоставувам по службена должност комуницира со ЈО и во рамките на таа истрага, претпоставувам дека ќе има и нови елементи или ќе нема, ЈО ќе се произнесе во периодот што следува. Јас никогаш не се изразив така како што вие велите, кого било да осудам предвреме, иако ние како политичка партија, јас лично и голем дел од нас, знаат што значи да се биде жртва на такви политички квалификации, сме го почувствувале тоа во изминативе 7-8 години, знаеме точно како изгледа сето тоа и не би сакале никому да го правиме тоа, бидејќи за нас важи едно правило: не им го прави на луѓето тоа што не сакаш тебе да ти го прават, рече премиерот Мицкоски во одговорот на прашањето.

Тој напомена дека се оградувал во изјавите и повтори дека постои фалсификуван документ, лиценца, за истиот клуб во кој се случи овој трагичен настан и дека при проверка во архивата на Министерството за економија и труд се констатираше дека под тој архивски број заведен е поинаков документ.

Мицкоски напомена дека во периодот кој го истражуваат обвинителите од 2008 па наваму министри за економија биле без прекин предлози на Демократската унија за интеграција.

– Јас не би сакал да алудирам или да зборувам повеќе од ова. Да почекаме, да видиме и да направиме тогаш заклучок дали било селективно или не, дали некој друг полициски функционер ќе биде осомничен. Само тогаш ве молам, немој повторно да обвинувате или да инсинуирате или да испраќате пораки какви што испраќате во континуитет, рече премиерот во одговорот на пратеничкото прашање на Блерим Беџети.

Беџети на почетокот на седницата го критикуваше и отсуството на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и побара во иднина да го обезбеди негово присуство, за да како што нагласи, го испочитува Собранието кога се поставуваат пратенички прашања.

Next Post
Фото: МИА

Дурмиши: Чист сум морално, направив ад-хок ревизија и побарав надлежните да ја видат работата во Министерството за економија

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk