ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Семејствата на жртвите од Модуларната болница во Тетово бараат обнова на истрагата на Обвинителството

April 3, 2025 12:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
МИА

МИА

Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која истакнаа дека се приклучуваат кон јавното писмо од Иницијатива Нула до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според претставниците на семејствата, постојат сериозни докази за кои сметаат дека Обвинителството ги има отфрлено во досегашната постапка пред судот во Тетово

– Целата јавност знае дека постојат сериозни докази за пропусти при изградбата на модуларната болница кои можат да бидат единствени причини за пожарот. Тоа беше потврдено и со германското вештачење-независен и кредибилен доказ кој за жал беше отфрлен од обвинителството. Затоа, драг Љупчо, како наш сограѓанин од Тетово, Вие најдобро ја разбирате болката и гневот на семејствата на жртвите и на целата заедница. Ова не е само правно прашање. Ова е морална обврска – кон тие што ги изгубивме, но и кон сите граѓани што денес живеат со страв дека ова може да се повтори, а никој нема да одговара, истакна Агрон Арифи од Иницијативата во име на семејствата на жртвите.

Семејствата на 14-те жртви бараат од Обвинителството да ја обнови истрагата за како што велат, вистинските виновници на пожарот во модуларната болница во Тетово

– Време е некој да преземе одговорност. Време е правдата да излезе од фиока. Како семејства на загинатите, бараме од Вас: – Да формирате независен тим кој ќе ги испита сите аспекти на случајот, вклучително и евентуалното одолговлекување на постапката. Да гарантирате дека судската постапка ќе се води без политичко-бизнис влијание. Да обезбедите транспарентност и отчетност во Вашата работа, во согласност со законските обврски. Да го земете германското вештачење како клучен доказ во истрагата. Ние нема да молчиме. Ќе продолжиме да зборуваме за нашите најблиски кои ги изгубивме, за вистината, за правдата која е ветена, но никогаш донесена, истакна Арифи.

Од 10 часот денеска во Основен суд Тетово продолжи доказната постапка во рамки на повторно судење за пожарот во модуларната болница во кое осомничени се двајцата поранешни директори на болница и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правно лице.

Tags: жртвимодуларна болница Тетовосемејства
Next Post
Foto: Wikimedia Commons

Судот на Босна и Херцеговина потврди дека црвената потерница за Додик и Стевандиќ не стапила во сила

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk