Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани.
Информацијата утрово за МИА ја потврди доктор Игор Николов, кој е координатор за состојбата на повредените пациенти кои се на лекување во странство.
За денеска во 13 часот, како што најави Николов, состанок ќе одржи и Кризниот штаб по што се очекуваат повеќе детали.