ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ниту други опции за локалните избори

April 6, 2025 19:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Партиското раководство на крилото на Алијанса за албанците кое го предводи Арбен Таравари во наредниот период ќе се обиде да најде заеднички јазик со останатите партии од коалицијата „Вреди“ за локалните избори. Ова го кажа Таравари по паузата на четиричасовната седница на собранието на партијата Алијанса за Албанците што се одржува во Гостивар.

– Наредните денови ќе имаме интензивни средби. Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ниту други резервни опции. Во наредниов период и централното претседателство ќе се состане и ќе го каже конечниот одговор, рече Таравари по седницата.

Тој додаде дека Алијансата за Албанците останува отворена за сите можности кои им служат на интересите на граѓаните и на најдостојно претставување на Албанците во локалните и централните институции.

Седницата на партиското раководство доаѓа во време кога се зборува  за несогласувања во коалицијата и пред локалните избори.

Денеска, кон старото партиско јато се приклучи и Исен Шабани, потпретседател на крилото на АА предводено Зијадин Села и актуелен градоначалник на полошката општина Врапчиште.

Таравари пред седницата на партиското Собрание во Гостивар демантираше дека има намера да се обедини со Зијадин Села и потенцираше дека нема да се дискутира за тоа прашање.

Седницата се уште трае и е затворена за јавноста.

Next Post
Фото: МИА

„Револтирани сме од овој гнил систем! Стоп за селективна правда!“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk