ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Ставот во „Влен“ е на локалните избори да одиме со заеднички листи, имајќи ја предвид иницијативата за формирање на една политичка партија

April 7, 2025 12:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

За тоа какви се односите помеѓу  политичките субјекти внатре во Коалицијата, Меџити рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.

– Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Влен е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Влен ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.

Во однос на листите за претстојните локални избори, Меџити посочи дека ставот на сите политички субјекти во Коалицијата е да има една листа, еден штаб и една програма, со оглед на тоа дека веќе постои иницијатива за сите партии во рамки на Коалицијата да се претопат во една политичка партија.

– Ставот на сите политички субјекти внатре во „Влен“ е да одиме со заеднички кандидати, заеднички листи, заеднички штаб, програма и платформа, дури негде каде што има анализа и проценка дека треба да испаднеме и надвор од Влен и да поддржиме независен кандидат и тоа ќе го направиме. Градоначалниците се избираат по мнозински модел, додека системот за листите ги фаворизира големите и нема никаква смисла кога веќе сме кај големите да преминеме кај малите, бидејќи тоа ќе значи расцепување на гласови кои ќе одат во прилог на Демократската унија за интеграција. Тогаш се поставува прашањето за кого работиме. Сите политички аргументи одат во прилог да одиме со заеднички листи, а имајќи предвид дека има веќе иницијативата за „Влен“ да се претопи во една политичка партија, нема никаква дилема дека Влен ќе има една листа, еден штаб и една програма, посочи Меџити.

Прашан дали се планира владина реконструкција пред локалните избори, тој кусо одговори дека теоретски можна е реконструкција на Владата, но, како што рече, ќе треба да се направи проценка за тоа кои се аргументите.

– Теоретски да, но ќе видиме и процениме кои се аргументите, изјави Меџити.

Tags: ВЛЕНМеџити
Next Post

„Не ми се допаѓа бомбардирањето“, одговори Трамп на новинарите, повикувајќи го Путин да престане со насилството

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk