Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека е „најголем профитер од сите“ во трговските односи, по најавата на Пекинг дека ќе воведе реципрочни мерки за американските царини.
-Нема инфлација, а царините носат милијарди долари, иако најголемиот профитер од сите, Кина, ги зголеми царините на 34 отсто, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth social“.
Американскиот претседател воведе царински мерки за речиси сите земји во светот, а за Кина царина од 34 отсто.
Кина веднаш одговори дека воведува царина од 34 отсто за американскиот увоз.