ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Филмско око“ – нова книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков

April 8, 2025 13:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Издавачка куќа „Или-Или“ информира дека утре од печат ќе излезе „Филмско око“, четвртата книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков. Изданието е шеснаесетта книга во едицијата „Или-Или“ на истоимената издавачка куќа.

Десет години од објавувањето на првата книга од серијалот, „Филм.мкд“, која се закити со државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, три години подоцна авторот ја издаде „Филмски град“, а во 2022 година и „Филмотопија“.

– Во сите изданија Анѓелков будно ги следи случувањата во филмската уметност кај нас и во светот и преку критички осврти ми го доловува актуелниот момент во седмата уметност во првата четвртина од третиот милениум, се наведува во соопштението.

Содржински, книгата е поделена во неколку тематски целини во кои авторот се осврнува на сите возбудливи филмови по објавувањето на „Филмотопија“. Книгата почнува со третирањето на македонската кинематографија во овој период, следи поглед кон европската и американската кинематографија во изминатите неколку години, а потоа и делот за филмските фестивали. При крајот има два специјализирани темати во кои се застапени текстови за музиката и филмот, како и за филмските јубилеи. Централниот дел на книгата е посветен на австрискиот филмаџија Улрих Зајдл, кој беше лански лауреат на „КинеНова“ и кој на сцената, при примањето на наградата, прочита еден „манифест“ за состојбата во филмската уметност кој уште долго ќе биде релевантен и цитиран.

– Се на се, Анѓелков со „Филмско око“ уште еднаш ни „подарува“ бистар поглед на нештата во филмската уметност, грижејќи се за кревката публицистика во оваа област, чии изданија низ годиниве се бројат на прстите од раката, стои во соопштението од издавачката куќа „Или-Или“.

Tags: „Филмско око“Игор АнѓелковИли-Или
Next Post

Меџити: Идејата за фузирање во „Влен“ постои од самиот почеток на коалицирањето

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk