ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Идејата за фузирање во „Влен“ постои од самиот почеток на коалицирањето

April 8, 2025 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата на албанскиот политички блок „Влен“ тврди дека лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од оава коалиција во една партија.

Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кој формирање еден политички субјект.

– За волја на вистината г. Таравари е информиран за ова. Ние цело време зборуваме за тоа дали ВЛЕН треба да почне да се топи – од горе или од долу. Ние веќе имаме заедничка Кадровска комисија каде има член и Таравари и јас и другите. Исто така, Центарот за информирање функционира во рамки на ВЛЕН како заеднички. Ова беа првите чекори кон топење во еден политички субјект. Значи ова не е нова идеја, и ниту сакавме да го забрзаме процесот, ниту да оди во заборав. Со овие превирање каде Таравари јавно искажува дека има две опции, значи не се поставува како дел од коалицијата туку како партнер – може да преговара со ВЛЕН и со ДУИ. Во оваа ситуација, другиот дел од ВЛЕН оценивме дека е време да ги затвориме темите на мали политички партии и да го формираме ВЛЕН како алтернатива на Албанците, кој ги донесе промените на претходните избори и кој ќе ги предводи промените, изјави денеска Меџити.

На новинарско прашање дали е можна нова распределба на ресорите во Владата, бидејќи очигледно дека нема проблем во владината коалиција, туку  меѓу ВЛЕН и Таравари кој има пет пратеника, Меџити истакна дека е тоа прашање за Таравари.

– Ние во ВЛЕН сме унифицирани. Ова е прашање за Таравари. Таравари треба да пресече, дали е дел од ВЛЕН или е во преговори со ДУИ, и едно и друго не може. Преговори со ДУИ значи дека може да испорача и фактури од ДУИ, и тогаш ќе се коси со политиките на Владата, вели Меџити.

На инсистирање да одговори на тоа дали е прифатлива за ВЛЕН можноста Таравари да излезе од коалицијата, а да остане во Владата, тој повтори дека очекуваат прво да одговори Таравари, а потоа тие ќе се произнесат.

– Јас го гледам како дел од ВЛЕН, само барам да рефлектира и да ги прекине преговорите со ДУИ оти нема смисла и да е дел од ВЛЕН и да има преговори со ДУИ. Инаку изјавите дека ако не се договори со ВЛЕН ќе излезе сам на изборите и некаде ќе соработува со ДУИ, а некаде со ВЛЕН , тоа го нема во политичката терорија, а ниту во пракса. Затоа барам уште еднаш со неговите партиски органи да ги преиспитаат овие изјави. Имаме пред себе владина програма, важни проекти за граѓани и треба што поскоро да се затворат овие дилеми и да чекориме заедно, истакна Меџити.

Според Меџити, Таравари бил надгласан од останатите субјекти во коалицијата во однос на неговиот предлог да се оди со посебни листи на локалните избори.

Вели дека не е важно кој ќе биде лидер на новата политичка партија, туку концептот на ВЛЕН, а барање на гласачите е ВЛЕН, вели Меџити, да се обедини во еден политички субјект.

– Мислам дека сме на добар пат, а кој ќе биде на раководните позиции, кој ќе биде претседател, секретар, тоа ќе го оставиме на процесот и органите, рече Меџити.

Таравари, кој предводи едно крило од Алијанса за Албанците и е дел од коалицијата „Влен“ вчера изјави дека нема добиено понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

– Досега не сме имале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името „Влен“. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите, изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.

Tags: ВЛЕНМеџити
Next Post

Советот за човекови права при ОН го призна правото на палестинскиот народ за самоопределување; Северна Македонија гласаше против

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk