ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи во Општина Шуто Оризари

April 8, 2025 12:11
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО

Денеска во Општина Шуто Оризари, во присуство на Градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш, Заменичката на Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Ана Чернишова, како и пред претставникот на Делеганција на Европската Унија беше отворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.

Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго. Се предвидува дека годишно, новиот Центар ќе опслужува околу 1000 повратници и други ранливи категории на лица.

Центарот е лоциран во општинската зграда во Шуто Оризари, изграден како посебен модерен и современ, енергетски – ефикасен објект на површина од 310 м2 наменети за потребите на Центарот, но и на Општината, невладиниот сектор и граѓаните.

„Шуто Оризари е првата општина во државата во која што се воведува овој модел на поддршка на повратниците и другите ранливи категории преку информирање, директни контакти и асистирање на лицата активно да се вклучат во социо – економските процеси во државата. Се надеваме дека примерот на нашата Општина ќе може да се реплицира и во други општини при што повратниците и другите ранливи групи ќе ја добијат соодветната поддршка за поквалитетен живот во матичната земја.“ – потенцираше Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Воедно напомена: „ Изминатите години на 8ми април пуштавме во употреба повеќе завршени улици, минатата година го кренавме Ромското знаме на јарбол во новоизградениот плоштад во општина Шуто Оризари, оваа година го пуштаме во употреба општинскиот ресурсен центар за повратници и лица во ризик, догодина на 8ми април се надеваме дека ќе го ставиме камен темелникот на првиот Ромски Културен Центар во нашата општина и во државата и со тоа ќе ја заокружиме и потребата од зачувување на Ромското културното наследство.

Ресурсниот центар, во надлежност на Општината, блиску ќе соработува со сите ресорни министерства, владини тела и агенции, како и со општинските организации и невладиниот сектор.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Ана Чернишова, ја потенцираше потребата од соработка со локалната власт: „Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Општина Шуто Оризари веќе подолго работи во обезбедување соодветни механизми за Ромите и другите ранливи групи граѓани со цел обезбедување услови на еднакви можности за сите.“

Формирањето и изградбата на Ресурсен центар за повратници се ко – финансирани од Општина Шуто Оризари и Европската Унија, а реализирано од Програмата за развој на Обединетите нации.

Се очекува да започне со официјална работа следниот месец.

Tags: Општина Шуто ОризариРесурсен центар
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Разбивање на квантниот код: Решена 40-годишна мистерија

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk