ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Зибери: Интеграцијата на Ромите во општетството ќе продолжи со позасилено темпо во наредниот период

April 8, 2025 13:41
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител Насер Зибери упати честитка до граѓаните-припадници на ромската заедница кои живеат во Република Северна Македонија по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со надеж дека нивната интеграција во општетството ќе продолжи со позасилено темпо во наредниот период.

-Токму затоа, ги повикувам сите чинители во општеството да дадат максимални напори припадниците на оваа заедница, како една од најмаргинализираната, навремено, без никакви ограничувања да ги остваруваат сите со Устав и со закон загарантирани права, пишува Зибери во честитката.

Имено, Народниот правобранител како единствена институција која води сметка за заштита на уставното начело на недискриминација и соодветна и правична застапеност, констатира дека во последните три години има процес на застој во интегрирањето на оваа заедница во институциите (нивниот процент на вработување е речиси идентичен веќе три години наназад), овој број не одговара на нивната реална бројка во државата, па затоа во наредниот период истиот мора да почне да оди во нагорна линија.

-Државата во изминатиот период направи напори за интеграција на Ромите, со тоа што покрај одбележувањето на декадата на Ромите во периодот 2005-2015, продолжи и понатаму со нови активности во повеќе сензибилни области – образование, домување, вработување, но сепак застапеноста на оваа заедница во сите сфери не е на задоволително ниво. Припадниците на оваа заедница сѐ уште се најголемиот број од лицата кои имаат проблеми со запишувањето во матичната евиденција, што, пак, доведува до неможност да ги остваруваат сите други права – пристап до здравствената заштита, образование и слично, нагласува Зибери.

Тој посочува дека не е надминат ниту проблемот со сеграгацијата на учениците Роми во неколку градови во државата и покрај пресудата од Европскиот суд за човекови права и силните залагања на Народниот правобранител да престане овој најбрутален облик на дискриминација. Децата на улица, и натаму се најбројни од ромската заедница, а импровизираните домови како да станаа нивна реалност.

-Денес, овој ден го користам како прилика уште еднаш да истакнам дека како држава мора да бидеме подготвени сите овие недоследности во системот да ги надминеме и секојдневно да работиме на подобрување на положбата на оваа заедница во општеството. Со надеж дека следната година на овој ден ќе имаме сосема поинаква слика за нивната инеграција, уште еднаш упатувам честитка до сите припадници на ромската заедница, истакнува народниот правобранител, Насер Зибери.

Next Post

Италија и донира на Албанија воен брод „Либра“

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk