Земјите-членки на Европска Унија гласаа за воведување на царини за некои за некои стоки од САД. Новите царини стапуваат во сила на 15 април, соопшти Европската комисија.
– Европска Унија оценува дека американските царини се неоправдани и штетни и предизвикуваат економска штета за двете страни, како и за глобалната економија. ЕУ јасно изјави дека претпочита преговори со САД, кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија, се наведува во соопштението на ЕК.
Како одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум, ЕУ ќе воведе контрамерки во три фази. Првиот бран стапува во сила следната недела, вториот во средината на мај, а третиот на крајот на годината, во декември.
За воведување на царини за САД гласаа 26 земји-членки на ЕУ односно сите освен Унгарија.
– Понатамошна ескалација не е решение. Ваквите мерки дополнително ќе и наштетат на европската економија и на граѓаните преку зголемување на цените. Единствен излез се преговори, а не контрамерки, објави на Икс унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Во моментов ЕУ се соочува со американски царини од 25 проценти за челикот, алуминиум и автомобили, како и нови пошироки царини од 20 отсто за речиси сите други артикли.
Европа извезува повеќе стоки во САД отколку што увезува. Вкупната трговска размена меѓу двете страни изнесува околу 1,3 милијарди евра, а реалниот дисбаланс е приближно 50 милијарди евра.