Компанијата „Мајкрософт“ размислува за нов бран отпуштања што би можел да започне уште во мај, според наводите на лица запознаени со внатрешните дискусии.
Лидерите на одредени тимови во компанијата разговараат за укинување на средните менаџерски позиции и зголемување на уделот на програмерите во однос на оние кои не се занимаваат со кодирање, дознава Бизнис Инсајдер од повеќе извори.
Некои делови од „Мајкрософт“ сакаат да го зголемат таканаречениот „span of control“, бројот на вработени кои директно се пријавуваат на еден претпоставен, со цел да се оптимизира структурата на тимовите, велат истите извори.
Иако сè уште не е познато колку работни места ќе бидат укинати, едно лице блиско до планирањето тврди дека може да биде погоден „значаен дел од нејзиниот тим“. Портпаролот на „Мајкрософт“ одби да ги коментира наводите.
Во Мајкрософт размислуваат и за намалување на уделот на менаџерите на производство и програми во однос на инженерите.