ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судија пресуди да се врати пристапот на новинската агенција Асошиејтед Прес до настаните во Белата куќа

April 9, 2025 09:50
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ

Американски судија донесе одлука за враќање на новинската агенција Асошиејтед прес на настаните во Белата куќа, наведувајќи ја како причина слободата на говорот.

– Судот … смета дека според Првиот амандман, ако Владата ги отвори вратите за некои новинари – било да е тоа за Овалната соба, Источната соба или на друго место – тогаш не може да ги затвори тие врати за други новинари поради нивните ставови, рече судијата Тревор Мекфејден во својата одлука од 41 страница.

АП тужеше тројца функционери на американската влада поради одлуката да им се забрани известување на нејзини новинари, која беше издадена како одговор на одбивањето на агенцијата да ја усогласи нејзината уредувачка политика со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за преименување на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“.

Во тужбата како обвинети беа именувани шефицата на кабинетот на Белата куќа Сузан Вајлс, заменик-шефот на кабинетот Тејлор Будович и прес секретарката Каролина Ливит.

Белата куќа ги блокираше новинарите на АП од голем број настани и не им дозволи пристап на новинарите на АП до претседателскиот авион на Трамп, Ер Форс 1.

Мекфејден, назначен од Трамп, пресуди владата „веднаш да го поништи одбивањето на пристапот на АП до Овалната соба, Ер Форс 1 и другите ограничени простори врз основа на ставот на АП кога таквите простори се отворени за другите членови на печатот на Белата куќа“.

Тој, исто така, пресуди дека „веднаш ќе го укине нивното негирање врз основа на став за пристапот на АП до настани отворени за сите овластени новинари во Белата куќа“.

Мекфејден, исто така, истакна дека исклучувањето на АП од страна на Белата куќа му наштети на работењето на агенцијата која „економски страдаше во последните два месеци, а нејзината состојба само ќе се влоши бидејќи нејзините клиенти ќе се свртат кон други новински сервиси доколку нема судска наредба“.

Портпаролка на агенцијата ја поздрави пресудата, велејќи дека таа го потврдува основното право на печатот и јавноста слободно да се изразуваат, без владата да преземе одмазднички мерки.

Tags: Асошиејтед пресновинска агенцијаСАДсудија
Next Post

Епидемија на сипаници во Тексас, пријавени 505 случаи

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk