РИБАРО
Екипата на АХА стапи во контакт со затворската кучка ЦЕЦА која полицајците од приказната на Пандов ја обвиниле дека му зела скап часовник на затвореникот со иницијали Ж.Ж.
„Ме земаат на душа ни крива ни должна. Нит имам некаква врска со дрога, нит знам каде е топката. Не знам со која цел Пандов ме спомна со име? Скап рачен часовник имам, да, но тој сега е во моја сопственост. Не знам дали ист таков имал Ж.Ж. Мојот скап часовник го имам како подарок од еден истакнат политичар со највисок рејтинг во Нашата земја. Не би да го откривам неговиот идентитет но мислам сите знаете кој политичар пријави во анкетен лист дека има скапи рачни часовници. Е сега дали се попишманил за подарокот па затоа ме злоупотребуваат е прашање што треба да се одговори. Мене, искрено, не ми се верува дека е попишманет. Сепак мислам дека ме користи оној Пандов за алиби да продава смешни приказни за да ја скрие неговата неспособност да се справи со корупцијата во затворите“, вели кучката ЦЕЦА.
– Јас сум само една лојална кучка на Системот. На Пандов ќе му поднесам тужба за клевета и за неовластено откривање на лични податоци, вели таа за АХА.
Цеца не одговори на нашето прашање, со што го заслужила подарокот од истакнатиот политичар.
– Тоа не е битно во случајов, рече кучката ЦЕЦА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK