Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.
„Господине претседателе, како добар студент, еднаш мислевме дека брзо учите. Влегување во одделението за Интензивна нега мора да го одобри доктор, откако ќе ја процени епидемиолошката состојба како и состојбата на пациенти. Затоа да повториме уште еднаш,не сте надлежни. И да, да не заборавиме – за правилата за Интензивна нега, предлагаме да се консултирате со професорот Мацут за повеќе информации“, објавија студентите на Х.
Gospodine predsedniče, kao dobar student nekad mislili smo da brzo učite. Ulazak u jedinicu intenzivne nege MORA BITI ODOBREN od strane lekara, nakon procene epidemioloske situacije kao i stanja pacijenta. Pa da ponovimo još jednom, NISTE NADLEŽNI.
— MFNS blokada (@blokada_mfns) April 9, 2025
Студентите во блокадата на Медицинскиот факултет на 28 март побараа одговорност за посетата на Вучиќ на пациентите од Кочани, по што го вметнаа тоа како шесто нивно барање – одговорност за неовластено влегување на физички лица и новинари во одделението за Интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде се сместени пациентите повредени во пожарот во Кочани.
„Никој не сакаше да ме пушти, тоа беше моја волја. Не мора никого да бркаат, влегов сам. Гордиот Александар Вучиќ, чија идеја беше да го обнови Клиничкиот центар и бидејќи е толку модерен, тие луѓе имаа каде да дојдат. Шестото барање се исполни, сам го направив тоа, јас сум сам виновен”, изјави вчера Вучиќ.