Израел и Египет размениле нацрт-документи за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пренесе Тајмс од Израел повикувајќи се на радио Кан.
Предлозите имаат за цел да го премостат египетскиот компромисен предлог и предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за договор, се вели во извештајот.
Високи израелски функционери изјавиле за радиото дека е можно наскоро да се постигне договор.
Египетскиот предлог, објавен претходно оваа недела, предвидува ослободување на осум живи заложници и осум тела на заложници во замена за примирје кое би траело меѓу 40 и 70 дена и ослободување на голем број палестински затвореници.
Виткоф минатиот месец предложи договор со кој ќе бидат ослободени пет заложници во замена за голем број палестински безбедносни затвореници, во замена за двомесечен прекин на огнот.