Tројца од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болниците во Пловдив и Варна се пуштени на домашно лекување, пренесува БТА.
Еден од пациентите беше хоспитализиран на Универзитетската болница „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив, а двајца на Воено-медицинската академија во Варна.
Во болницата во Варна на лекување останува уште еден пациент, а во софиската болница „Пирогов“ се уште четворица повредени.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“, а другите во болниците во Пловдив и Варна.