ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива официјален план за анексија на Гренланд

April 12, 2025 10:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Генерирано со ВИ

Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Долгорочната цел на американскиот претседател Доналд Трамп Америка да го добие Гренланд премина од реторика во официјална американска политика, а Белата куќа разви официјален план да го добие тој арктички остров од Данска, пишува денеска Њујорк Тајмс.

Според планот на Трамп, пишува американскиот весник, САД треба да дојдат до анексијата на Гренланд повеќе со „убедување“, а не „со инвазија“.

Администрацијата на САД ја исклучува можноста за воено преземање на островите, но зборува за користење на „мека моќ“, изјавија за Њујорк Тајмс информирани извори.

Според еден од нив, Вашингтон ќе започне медиумска кампања за да ги убеди 57.000 жители на островот да побараат од САД да го анектира Гренланд. Соговорникот на весникот вели дека рекламирањето на социјалните мрежи може да се искористи за да се влијае на јавното мислење.

Советот за национална безбедност на Белата куќа подготви конкретни упатства за различните агенции за тоа што треба да направат за да го унапредат целокупниот план за анексијата на Гренланд. После тоа, претставниците на американските власти би почнале да кажуваат дека Данска, која е сопственик на островот, не се грижи доволно за неговите жители.

Американските власти, исто така, тврдат дека само САД можат да го заштитат Гренланд од инвазијата на Русија и Кина.

Можно е администрацијата на Трамп да ветува по околу 10 илјади долари годишно на секој жител на островот, што, како што се претпоставува, би ја заменило вкупната субвенција од 600 милиони долари што Данска годишно му ја дава на Гренланд.

Според Њујорк тајмс, некои функционери во администрацијата на Трамп веруваат дека овие трошоци може да се надоместат со приходите од екстракција на природните ресурси на островот, кои вклучуваат ретки минерали, бакар, злато, ураниум и нафта.

Според планот, неколку министерства се мобилизираат зад повеќегодишната желба на Трамп да го добие Гренланд, чија економска и стратешка вредност се зголеми со порастот на температурите што го топат арктичкиот мраз.

Големината на Гренланд од повеќе од два милиони квадратни километри, исто така, му нуди на Трамп, кој претходно градеше на Менхетен, шанса да го постигне она што тој го гледа како еден од најголемите зделки за недвижнини во историјата.

Данските власти гневно инсистираат на тоа дека ретко населениот остров не е на продажба и не може да биде припоено, но Трамп јасно ја изрази својата решеност да го стави под своја контрола.

„Гренланд ни треба за националната безбедност, па дури и меѓународната безбедност, и работиме со сите вклучени  да го добиеме“, рече Трамп во обраќањето пред Конгресот минатиот месец, додавајќи: „Ќе го добиеме на еден или друг начин“.

Кон крајот на март, американскиот претседател рече дека е голема веројатноста дека анексијата на полуостровот ќе се случи без употреба на воена сила.

Tags: ГренландТрамп
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

ФЕЉТОН: „КРУГОВИ“ – роман на Тина Иванова, 7 ДЕЛ

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk