ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ ги осудува обидите за „меѓуетнички тензии“ при утврдувањето на одговорноста за пожарот во Кочани

April 13, 2025 10:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ во соопштение до јавноста ја нагласува итната потреба за како што велат, одговорност и обезбедување и почитување на сите стандарди за да се спречат во иднина трагедии како таа во Кочаниво. Оттаму велат дека „за жал, по оваа катастрофа, граѓаните се сведоци на загрижувачко однесување од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Мицкоски.

Демократската унија за интеграција за неодамнешните апсења, оценува дека станува збор за обид на владата да ја избегне одговорноста и да предизвика меѓуетнички тензии.

„Наместо да преземе брза и решителна акција и да ги повика на одговорност оние кои се вистински виновни, владата се вклучи во активности за бегање од одговорност на актуелните функционери и се оддаде на создавање непотребни етнички тензии,“ соопштуваат од ДУИ.

Партијата обвинува дека „во моментов Мицкоски со неосновано апсење на Албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор.“

ДУИ исто така ги осудува, како што велат, апсењата на поединци кои „немаат врска со трагедијата“, оценувајќи ги како средство за „оттргнување на вниманието од вистинските виновници.“

„Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели,“ се наведува во реакцијата на партијата.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 60 млади лица, ја нагласува итната потреба за одговорност и обезбедување почитување на сите стандарди за да се спречат вакви трагедии во иднина.

За жал, по оваа катастрофа, граѓаните се сведоци на загрижувачко однесување од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Мицкоски.

Наместо да преземе брза и решителна акција и да ги повика на одговорност оние кои се вистински виновни, владата се вклучи во активности за бегање од одговорност на актуелните функционери и се оддаде на создавање непотребни етнички тензии.

Во моментов Мицкоски со неосновано апсење на албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор.

ДУИ најостро ги осудува неодамнешните апсења на поединци кои немаат врска со трагедијата, како средство за оттргнување на вниманието од вистинските виновници.

Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели.

Очигледно е дека додека се користат поединци како жртвени јагниња, оние на моќни позиции, вклучително актуелни министри и директори, остануваат на слобода и покрај нивната целосна одговорност за оваа трагедија.

Ги повикуваме институциите:

1. Да не работaт по “Законот на Мицкоски”, туку да ја потврдат својата посветеност за почитување на владеењето на правото и заштита на правата на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

2. Да спроведе темелна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, базирана врз докази, со тоа обезбедувајќи гаранции дека вистински одговорните лица ќе ги сносат последиците, без разлика на нивната политичка определба.

3. Да се фокусира на решавање на легитимните барања на сите погодени од оваа трагедија и на пошироката јавност која бара правда, за што е неопходно да се истражат темелно сите факти кои предизвикале да се случи оваа хаварија која однесе 60 животи, за истото никогаш да не се повтори.

Мицкоски да престане со селективниот пристап и апсења без соодветни докази, да ги ослободи оние кои биле незаконски приведени без доказен материјал или соодветна постапка.

ДУИ останува посветена на правдата, еднаквоста и благосостојбата на сите граѓани и ја повикува меѓународната заедница и локалните граѓански организации да се придружат во застапувањето за правично и праведно решавање на оваа еднострано наметната криза во која вистински одговорните ги водат постапките и со тоа влијание се обидуваат да се изолираат од одговорност.“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Со проширената истрага опфатени се 19 лица кои се сомничат за тешки дела против општата сигурност според членот 292, а во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Како што претходно објавија повеќе медиуми, приведени се и поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, а меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: апсењаДУИКочаниМицкоски

НАЈНОВО

Израелски министер: Цела Газа ќе биде еврејска; Нетанјаху се оградува

July 25, 2025
Фото: ИКС / RSF

Во Газа досега загинаа 232 новинари

July 25, 2025

Илјадници млади лекари во Англија започнаа петдневен штрајк поради ниските плати

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk