ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи, во претстојниот период поголема реализација на капиталните инвестиции

April 14, 2025 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска денеска рече дека покрај зголемената наплата на приходите, има покачување и на наплатата кај даночните приходи. Според неа, реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, а со оглед дека Владата е фокусирана на инфраструктурните проекти, во периодот што следи, може да се очекува поголема реализација на капиталните инвестиции.

Потсетувајќи дека има нова методологија за евидентирање на капиталните расходи, Димитриеска Кочовска напомена дека нема да дозволи вештачко прикажување на капиталните приходи само колку да се покаже пред граѓаните дека наводно нешто се работи.

– Има поголема наплата кај даночните приходи, наплаќаме дивиденди од оние институции кои имале добри резултати во 2023 година. Реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, во јануари и февруари веројатноста дека ќе има голема реализација е минимална. Очекувајте во периодот што следи да има поголема реализација на капиталните расходи, истакна Димитриеска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царинската управа.

Таа потсети дека има нова методологија во делот на евидентирање на капиталните расходи со податоци за исплатените гаранции во име на некои од јавните претпријатија и акционерски друштва кои во минатото биле евидентирани како капитални расходи.

– Како резултат на тоа имавте вештачка слика во однос на тоа што се случува. Денес не ги евидентираме како капитални расходи, туку одат под линијата, долу и како резултат на тоа ќе видите дека кога би ги вратиле во евиденција над линија, имаме поголема реализација во однос на изминатиот период што значи дека имаме реално поголема реализација во однос на претходната година од она што значи реална имплемнетација на капитален проект. Не зборуваме за аванси, плаќање гаранции за акционерски друштва,…, се е тоа под линијата. Кога ќе ги споредите податоците ќе видите дека имаме многу подобра реализација. Нема да дозволам како што беше во минатото, вештачки да ги прикажуваме капиталните приходи само колку да покажеме пред граѓаните дека нешто работиме, а во суштина во изминатите седум гопдини ако излезевме на терен, ќе видевме дека реализација на каков било проект не ни постоеше, речиси е нула, потенцира министерката.

Tags: Гордана Димитриеска-Кочоскаданочни приходиНаплата
Next Post

Предлог измени на Закон за медиуми, двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Shortcut

Најново

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk