Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Повозрасните читателки и читатели верувам дека ќе се сетат, многумина од нив со носталгија, на едни дамнешни времиња на животот во заедничката држава СФРЈ. И на братството и единството, и секако на другарот Тито. Од иконографијата од тој период која е помалку или повеќе позната, тука би ги издвоил тогаш неизбежните и сѐ присутни – значки. Беа дел од колекционерските „блага“, се чуваа во специјални албуми, врамени како слики, или поточно како гоблени, или се носеа на реверите од палтата.
Меѓу нив посебно место заземаа 2 значки, кои според непишано правило, наводно без наредба, барем не писмена, како да беа „обврзувачки“ за повисоките кругови на тогашните функционери на самоуправувањето, како и за ешалоните под нив кои сакаа да им се додворат. Тоа беше златната значка со бистата на Тито, и варијантата со потписот на Тито. Култот на личноста доведен до ниво на идолопоклонство.
Судејќи според објавите и фотографиите кои кружат во јавноста „од таа страна на барата“, еден претседател решил да го копира тогашниот доживотен претседател на СФРЈ. Можеби се надева дека на тој начин, и тој самиот ќе стане доживотен претседател на најмоќната држава во светот.
Приказната започнува некаде на почетокот на април 2025 година, кога почнаа да циркулираат тврдења (архивирани) дека американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на неговиот кабинет, републиканските конгресмени и другите поддржувачи да носат златни значки за ревер што го прикажуваат лицето на претседателот.
Тврдењето се појави во објава од 9 април 2025 година на Substack на канадскиот спортски новинар Дин Бландел кој објави фотографија од претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, како ја носи „златната биста на Трамп“ закачена на реверот. Сепак, нема извештаи кои укажуваат на тоа дека носењето на значката е „задолжително“ за функционерите во администрацијата на Трамп, а и самиот Бландел, не го докажа тврдењето дека златните значки на реверот со бистата на претседателот се задолжителни за министрите и лојалистите во кабинетот. Најверојатно Брендан Кар по своја волја ја носел златната значка на Трамп, без наредба од Трамп или од неговата администрација.
Бландел не се сетил на Тито, но затоа зборува за тоа како носењето на ликот на Трамп на ревер потсетува на Кина на Мао Це Тунг и го споредува Трамп со диктатор, споделувајќи пост на Х од корисникот Дру Павлу, кој го покажува претседателот на Федералната комисија за комуникации, момчето кое регулира радио, ТВ, интернет, сателитски и кабли во САД,како гордо носи една од овие значки, на што Павлу кокментира: „Добредојдовте во МАГА маоизмот “.
The Chairman of the Federal Communications Commission that regulates communications by radio, television, internet, satellite and cable in the United States.
Welcome to MAGA Maoism pic.twitter.com/vHNxMjjNF6
— Drew Pavlou 🇦🇺🇺🇦🇹🇼 (@DrewPavlou) April 5, 2025
Тој тврди дека од членовите на кабинетот и лојалистите на Трамп се бара „тивко да ги закачат“ значките на реверите и да ги носат златните бисти на Трамп во Сенатот како „форма на тест за лојалност“.
„ Има нов кодекс на облекување во Вашингтон на Трамп, и тој е директно излезен од прирачникот за диктатори. Лојалистите на режимот – конгресмени, сенатори, целата парада на љубителите – сега носат златни значки ма реверот на бистата на Трамп, блескава мала почит кон човекот кој ја претвори Белата куќа во светилиште за себе“, пишува тој. „Тивко им беше кажано да ги отфрлат значките на Конгресот или Сенатот во корист на оваа нова значка на верност. Тоа не е предлог, тоа е тест за лојалност“.
Што знаеме за гласините дека администрацијата на Трамп им наредил на „лојалистите“ да носат златни значки за ревер на лицето на претседателот
Еден корисник на Фејсбук напиша: Претседателот на FCC, Брендан Кар, носи златна игла за ревер со глава на Трамп. На членовите на кабинетот на Трамп, заедно со конгресмените и сенаторите, им е наложено да му оддадат почит на нивниот неславен, осуден лидер. Само уште еден ден во пеколниот пејзаж на императорот Трамп
Тврдењето со фотографијата циркулираше и на X, Reddit, Threads и Bluesky.
Сепак, во моментот на пишувањето не беше јасно дали Трамп или неговата администрација наредија некој да носи златни значки за ревер на Трамп.
Официјален претставник на Белата куќа преку е-пошта рече: „Очигледно, не им наредивме на службениците да ја носат оваа значка.
Брендан Кар, претседател на Федералната комисија за комуникации (FCC), виден на фотографиите како носи златна игла на реверот на Трамп, не одговори на барањата за коментар зошто ја носел иглата во моментот на пишувањето.
Првото спомнување на златните значки на реверот на Трамп се чинеше дека е од две X објави на 3 април 2025 година, на Бени Џонсон, самонаречен конзервативен политички коментатор.
Првата објава ги покажа Џонсон и Кар, а Кар ја носи златната игла на Трамп на левиот ревер.
With the unstoppable FCC Director Brendan Carr (@BrendanCarrFCC)
This man fights for Free Speech in his very bones.
What a legend. pic.twitter.com/fAGgmg8UAG
— Benny Johnson (@bennyjohnson) April 3, 2025
Џонсон при тоа напиша: „Со незапирливиот директор на FCC Брендан Кар (@BrendanCarrFCC) Овој човек се бори за слободен говор во своите коски. Каква легенда“.
Вториот пост, подоцна повторно објавен од Кар, покажа повнимателен поглед на иглата на реверот на Кар.
Do you even understand the level of fit that @BrendanCarrFCC has?
Please check 🔥👊🏼 pic.twitter.com/zZYZt7Q4vj
— Benny Johnson (@bennyjohnson) April 3, 2025
„Дали воопшто го разбирате нивото на фит што го има Брендан Кар? Ве молиме проверете “, напиша Џонсон во објавата.
Тврдењето на Бландел, кое пак се потпира на фотографиите објавени од американскиот политички коментатор Бени Џонсон на кои се гледа како Кар да носи златна значка за ревер со бистата на Трамп на 3 април, под услов оригиналната слика да е автентична.
Според онлајн детекторите за вештачка интелигенција Sightengine и Hive Moderation, постојат само 0-1% шанси фотографијата на Џонсон од Кар од втората објава да биде генерирана со вештачка интелигенција или лажна.
Сликите од втората објава на Кар беа повторно објавени на X, вклучително и една објава (архивирана) на 5 април 2025 година, која беше прегледана повеќе од 300.000 пати во времето на пишувањето.
На интернет не најдовме слики од угледни извори на кои може да се видат други републикански пратеници како ја носат златната игла за ревер на Трамп. Пребарувањата на популарните пребарувачи главно покажаа дека известувањето се повикува на постот на Blundell’s Substack.
Се чини дека Кар ја носел значката на Трамп и на фотографијата на пост на неговиот Х профил на 3 април,
Always great to visit with Chairman @RepBuddyCarter and discuss the important work we’re getting done at the @FCC pic.twitter.com/K4gck0CLZE
— Brendan Carr (@BrendanCarrFCC) April 3, 2025
но исто така и во видеото објавено (архивирано) на неговиот X профил на 4 април 2025 година.
DOJ 🤝 FTC 🤝 FCC
Great to join with Assistant Attorney General @AAGSlater & FTC Chairman @AFergusonFTC today as we work to smash the censorship cartel. pic.twitter.com/cDYSGoFCN6
— Brendan Carr (@BrendanCarrFCC) April 3, 2025
Но, веќе на 10 април, тој наместо тоа ставил значка со американско знаме за состаноци, што се гледа во објавите на неговиот X профил. Доколку Трамп или други функционери наредиле носење на значката, Кар веројатно ќе ја носел постојано, или како додаток на иглата за знамето на САД. По се изгледа, Брендан Кар по своја волја ја носел златната значка за дополнително да ја докаже својата лојалност кон Трамп.
Токму како што тоа некогаш го правеа, по „сопствена воља и убедување“, лојалистите на југословенскиот претседател. Или, како што ќе каже мојот колега Џабир Дерала: Ништо не е оригинално кај Трамп.
Во меѓувреме, корисниците на социјалните мрежи споделуваат дека онлајн трговецот на мало Амазон продавал значка со ликот на Трамп за околу 7 долари. Најверојатно, мејд ин Чајна.
Преземено: Цивил Медиа