Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Народ што ги сака Мицкоски, Трамп, Путин, Вучиќ и Обран ич не мора да се грижи за својата иднинина.
Пошто иднина за таков народ НЕМА.
Најстрашното е што на сите горенаведени ова им е последен мандат и наскоро ќе ја изгубат власта.
Сите освен Мицкоски.
Утре можеби и Мицкоски ќе го нема, како што го снема Груевски, но Мицковизмот и Груевизмот се наша судба и тие се вечни.
Има една народна којашто вели: „Надежта последна умира”. За жал, во Македонија и надежта е во длабока кома.
Ние сме народ што повеќе се грижи за политичката кариера на Вучиќ, отколку за правда во државата по изгубени над 60 млади човечки животи, ние сме народ што се радува на сервисирани лифтови, народ сме што молчи кога 50-члена владина делегација оди една недела во Дубаи на државен трошок, народ предводен од најизолираната влада во Европа, народ којшто светот го подразбира како поле за натпревар за тоа кој повеќе ќе се заканува, ќе колне, ќе пцуе и ќе го мрази ближниот свој.
Дефинитивно нема надеж за нас. Многу сум тажен. Очаен!