ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

April 15, 2025 15:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. ДКСК препорачува да се преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки согласно Законот за јавни набавки кој предвидува објавување релевантни документи, како и да се допрецизира постапката за констатирање престанок на функцијата на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик.

Како што истакна членот на ДКСК Софија Спасова која на денешната седница го образложи Извештајот за антикорупцикста проверка на Законот, треба јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, согласно нивните реални надлежности.

-ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица. Во однос на престанокот на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, став 1 предвидува основи за престанок на функцијата пред истекот на мандатот, а според став 2 Собранието на РСМ констатира престанок на функцијата во случаите предвидени во ставот 1. Но, не е пропишан рок, ниту постапка, а тоа овозможува евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата. За прекршочните одредби ДКСК утврди постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци  – ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата,…, укажа Спасова.

Таа се осврна и на имателите на информации каде, исто така се утврдени регулаторни ризици.

– Обврска на имателите на инфорации е редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат, но оваа одредба нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. Тоа е ризик од ограничена транспрентност со можност за селективно објавување или прикривање на информации од јавен интерес, подвлече Спасова.

Додека ДКСК го изготвувала Извештајот, на ЕНЕР е објавен Предлог-закон за измена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Антикорупциска проверка за текстот не е побарана, рече Спасова, поради што, најави, ако измените се донесат, ќе бидат дополнително разгледани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДКСК
Next Post
Фото: Attia Muhammed/Flash90
Хамас

Хамас најверојатно ќе одговори на израелскиот предлог во рок од 48 часа

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk