ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти

April 15, 2025 15:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учесниците на Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, oрганизирана со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија денеска во Скопје упатија гласна порака дека образованието мора да ги вклучи, да користи научни докази и факти, и да биде безбеден простор за сите!

Во првата панел дискусија „Разбивање на табуата“,  Сафет Балажи, од Институтот за политички и правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ -Скопје истакна дека искуственото учење е важен сегмет во живото на малдите.

„Искуственото учење претставува клучен пристап во едукацијата на младите за сексуалното и репродуктивното здравје и права, овозможувајќи им активно учество и подобро разбирање на сопствените тела и права. Преку практични активности и анализа на случаи, младите стекнуваат знаења и вештини што ги зајакнуваат во донесување информирани одлуки и градење здрави меѓучовечки односи“, рече Балажи.

Николина Кениг, од Институтот за психологија при Филозофски факултет во Скопје посочи дека објективните показатели добиени со евалуацијата на пилот програмата по ССО, потврдуваат дека дури и релативно кусата изложеност на квалитетна настава по сексуално образование значајно ја подобрува информираноста на адолесцентите и нивните ставови поврзани со релевантни прашања поврзани со заштитата на здравјето, односот кон сопственото тело, понатаму, ставовите кон заштита на нивните права и безбедност од сексуално насилство, а воедно, поттикнува воспоставување односи и врски кои се засноваат на еднаквост и почит.

Психологот, Гордана Блажевска-Спиридонова рече дека образованието треба да одговори на актуелните состојби кај младите и начинот на живеење во современото општество.

„Образовниот систем да развива алтернативни политики наменети за поддршка на развојот на капацитетот на младите луѓе да носат одговорни одлуки и совладуваат начини да се грижат одговорно за себе и сеопфатното ментално здравје и добросостојба“, рече Блажевска Спиридонова.

Психологот Ана Поп-Ризова, истакна дека влученоста во образованиот процес со поаѓање на детето во училиште,  не е само правен или етички императив, туку и начин да се осигура дека сите деца имаат еднакви шанси за успех.

„Училиштата треба активно да работат на создавање на инклузивна средина која ќе ги поддржува сите ученици преку приспособени практики, ресурси и заедничка соработка.

Училиштата преку наставните и воннаставните активности се средина која може да дава поддршка секоја млада индивидуа да ги развива своите потенцијали, да се поврзува со другите и да го негува менталното здравје“ посочи Поп-Ризова.

Во вториот панел „Преку неформално образование и креативни пристапи до безбедна општествена средина во која младите се соодветно информирани и едуцирани“, младинската претставничка Ема Мицевска рече дека уметноста им дава глас на младите кога зборовите не се доволни.

„Преку културата и уметноста, младите не само што добиваат глас – туку и простор за да го изразат својот личен и колективен идентитет. Темите од сеопфатното сексуално образование добиваат ново значење кога се пренесени преку искрен уметнички израз“, рече Мицевска.

Музичарот Петар Младеновски посочи на потешкотиите и предизвиците поврзани со сопствените искуства како родител поврзани со лажните информации и вести (од повеќе области), непристојни видеа и содржини, неприкладни текстови и песни како и реалната опасност од злоупотреба и онлајн насилство со кое се среќаваат тинејџерите од своите врсници, но, многу често и од возрасни лица. Посочи и на личната „борба” со истите а како последица на недостиг на конкретна програма за конкретна заштита и правилно образование.

Врсничката едукаторка Марија Ѓорѓиевска, рече дека предизвиците се бројни, но едукацијата е клучна.

„Во време кога младите се соочуваат со бројни предизвици, а легислативата не обезбедува соодветни решенија, неформалната едукација има клучна улога во нивното едуцирање. Сеопфатното сексуално образование ги информира за важноста на физичкото и психичкото здравје, и ги опремува со неопходни знаења за самозаштита и промоција на здравјето. Младите имаат потреба од инклузивни, практични и активни можности за учење, кои ќе им овозможат да донесуваат здрави, свесни и одговорни одлуки“, рече Ѓорѓиевска.

Рита Бехадини од Едукативната платформа „Шега“ рече дека неформалното образование игра клучна улога во оформувањето на свеста за родовата еднаквост.

„Тоа создава простор каде младите можат слободно да истражуваат, поставуваат прашања и да ги предизвикуваат стереотипите. Од родова перспектива, неформалното образование е моќна алатка за градење поинклузивно, праведно и чувствително општество“, рече Бехадини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ХЕРА

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk