ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

April 15, 2025 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

По објавувањето на интернет, значајната публикација „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“ сега е достапна и во печатена форма. Овој документ од 200 страни обезбедува храбри препораки за политики, критички согледувања и глобален повик за акција за демократијата во време на војна, национализам и авторитаризам.

Публикацијта претставува најсеопфатниот резултат од Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје на 11–12 декември 2024 година. Истата ја одразува колективната работа на Иницијативата за одбрана на демократијата, формирана по настанот.

Дизајнирана и како референца и практична алатка, публикацијата го поддржува развојот и спроведувањето на национални и меѓународни стратегии за спротивставување на авторитарните закани, зајакнување на демократската отпорност и промовирање на човековите права.

Подетален преглед на публикацијата

Дел I – Препораки за политики: Опфаќајќи десет тематски делови, ова поглавје обезбедува суштински контекст, детални препораки и конкретни чекори, мерки и активности. Насочено е на политички лидери, актери од граѓанското општество, академци и агенти на промени.

Дел II – Гласови од конференцијата: Презентирајќи ги главните обраќања од истакнати европски и американски лидери и мислители, овој дел го доловува духот и интелектуалната основа на иницијативата.

Дел III – Активности и документирање: Овој дел ја документира агендата на конференцијата, работилниците, ангажманите со печатот и настаните за вмрежување. Вклучува презентација на изложбата Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ и нуди ресурси за континуирано учење и застапување.

Водечките принципи на Иницијативата за одбрана на демократијата, одразени низ публикацијата, вклучуваат:

  • Обнова на политичката култура заснована на демократските вредности
  • Спротивставување на авторитаризмот, крајно десничарскиот екстремизам и националистичкиот радикализам
  • Поддршка на независните медиуми и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и хибридните закани
  • Застапување стратегии за запирање на руската агресивна војна против Украина и заштита на глобалниот мир и демократија

Публикацијата е достапна и во дигтален и во печатен формат. Достапна е онлајн во лесно читлив формат што може да се преземе под „Creative Commons 4.0 International License“, a одбрани печатени примероци се дистрибуираат на клучните институции, носители на одлуки, медиуми и меѓународните партнери.

Прочитајте ја публикацијата онлајн

Media Dialogue (Germany)
Defending Democracy
CIVIL MEDIA
Civil Today
Drejt
Green CIVIL

За проектот

Публикацијата е дел од проектот поддржан од Владата на Северна Рајна–Вестфалија и спроведен од меѓународниот конзорциум:

  • Младите за медиумите и Медиа Дијалог (Германија)
  • ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија)
  • Нов европски граѓански форум (Брисел)

Овие организации се ко-основачи на Иницијативата за одбрана на демократијата, посветена на спротивставување на антидемократските сили и градење сојузи за демократска трансформација и човекови права ширум светот.

Основачите на Иницијативата за одбрана на демократијата ги покануваат институциите, медиумите, граѓанското општество и поединците да ја истражат публикацијата, да ја споделат нејзината порака и да станат дел од глобалното движење за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – заедно, можеме да ја одбраниме демократијата и човековите права.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Извештај на Омбудсманот за човековите права во 2024: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите, се зголемува бројот на претставки од областа на животната средина

НАЈНОВО

Под контрола пожарите кај Вардариште, Кожуф и во Јасен

September 3, 2025

Се вработуваат лични асистенти за ученици, плата 15.000 денари за 20 часа неделно

September 3, 2025
Припадници на армијата на Израел

Илјадници израелски резервисти се пријавуваат на должност пред офанзивата на Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk