ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: Ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

April 16, 2025 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Делегацијата на Европската Унија во РСМ, за Порталб.мк, се огласи во врска со скандалозниот избор на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Велат дека се запознаени со претходните изјави на актуелниот директор во јавноста, но очекуваат Богојески во иднина да се однесува согласно темелните вредности на ЕУ.

„Европската комисија ги зема во предвид медиумските известувања во врска со назначувањето на г-дин Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Северна Македонија. Оваа агенција, основана од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите „Еразмус+“ и Европскиот корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија. Комисијата не беше вклучена во процесот на селекција и номинација на господинот Богојески, а се уште не е официјално информирана“, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје за Порталб.мк.

Оттаму потврдија дека се свесни за значителната загриженост во врска со некои негови претходни/поранешни јавни постапки и изјави.

„Очекуваме директорот на Националната агенција што раководи со една толку важна  програма на ЕУ да ги поддржува основните вредности на ЕУ, кои опфаќаат почитување на човековото достоинство и права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото. За овие прашања ќе разговараме и со Министерството за образование“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Скопје.

Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми, поради неговите изјави со вознемирувачки јазик, навреди и говор на омраза, како и неговите дејствија што се косат со европските вредности.

Извор: Мета.мк

Прочитајте и…

Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

Tags: БогојескиЕУ
Next Post

ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати

НАЈНОВО

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025
Трамп и Путин, Самит во Алјаска. Фото: Скриншот, Си-Ен-Ен

Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk