ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПРОПАГАНДАТА НА КРЕМЉ ПОВТОРНО НАПАЃА: Лажните тврдења за бунт шират дезинформации во обид да го дестабилизира моралот на фронтот и водството во Украина

April 16, 2025 16:24
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот медиум контролиран од државата РИА Новости – заедно со неколку други пропагандни веб-страници поврзани со Кремљ, како што се Pravda и TopWar, и каналите на социјалните мрежи – повторно објави бесрамна дезинформација — овој пат лажно тврдејќи дека украинските падобранци од 95-та одделна воздушно-дестана јуришна бригада планираат да го соборат претседателот Володомир Зеленски и да „маршираат кон Кијив“.

Извештајот, кој беше објавен денес, наведува дека „ветерани и офицери“ од елитната бригада изразиле подготевеност да „дејствуваат против Зеленски“ и ги повикале и воениот персонал и цивилите да им се придружат на наводниот државен удар. Наводниот извор на оваа информација е анонимна личност од, она што РИА Новости нејасно го опишува како „антифашистичко подземје“.

Ова е целосна измислица. Неколку информирани извори, кои зборуваа под услов на анонимност поради чувствителната природа на темата, потврдуваат дека таква изјава не е дадена од ниту еден член на 95-та бригада, ниту пак има движење или склоност во рамките на  украинските вооружени сили да се водат против нивното демократско избрано раководство.

Класична книга за дезинформации на Кремљ

Времето и природата на оваа лага се вклопуваат во добро документираната книга за дезинформации на Кремљ. Со измислувањето на внатрешно несогласување во рамките на украинската војска, Русија има за цел:

  • Да го поткопа моралот кај украинските сили, особено како што тие продолжуваат да се спротивставуваат на тековната руска агресија и да враќаат окупирани територии.
  • Да создаде конфузија и недоверба кај украинското население и меѓународните поддржувачи.
  • Да ја прикаже Украина како нестабилна, делегитимизирајќи го нејзиното водство и воените напори на глобалната сцена.

Оваа тактика не е ниту нова ниту неочекувана. Руската пропагандна машинерија често се обидуваше да посее поделеност во украинското општество и воените редови, често измислувајќи измислени востанија, обиди за бунт или изјави на нелојалност од страна на украинските војници.

Вистината за 95-та бригада

95-та одделна воздушно-десантна јуришна бригада е една од најпочитуваните и најзајакнатите единици во Украина, позната по својата улога во клучните одбранбени и офанзивни операции од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година. Далеку од тоа да се свртат против нивното водство, овие војници остануваат целосно посветени на одбраната на суверенитетот и демократските институции на Украина.

Дополнително, 95-та се смета за една од најпрестижните и способни единици во украинската војска. Се здоби со меѓународно признание за својот смел напад зад сепаратистичките линии за време на војната во Донбас, каде што им нанесе големи загуби и на сепаратистичките и на руските сили.

Дезинформациите се шират надвор од Русија

Загрижувачки е што оваа дезинформација генерирана од Кремљ веќе е преземена и реобјавена без проверка, од најмалку два македонски медиуми: Слободен печат, истакнат информативен портал и дневен весник, како и онлајн медиумот Кумановски муабети. И двата го репродуцираа наративот на РИА Новости, соодветно, без да понудат каква било форма на проверка на фактите или контекстот.

Некритичкото репродуцирање на таквите измислици не само што помага да се засили непријателската пропаганда, туку исто така ги заведува читателите и придонесува кон пошироките напори за дестабилизација насочени кон Украина и нејзините меѓународни сојузници.

Овој инцидент ја нагласува итната потерба од одговорно новинарство и медиумска писменост, особено во региони ранливи на операциите на руското влијание.

Вистината останува најмоќната алатка за одбрана на демократските општества

Денешната измислица од страна на РИА новости е дел од пошироката и тековна кампања на хибридната војна што ги користи медиумите како оружје. Со подметнување лаги, засилување на теориите на заговор и манипулирањето со емоциите, Кремљ се обидува да ја дестабилизира Украина одвнатре– и да ја ослабне меѓународната решителност да ја поддржи.

Оваа последна лага треба да послужи како потсетник дека медиумската писменост, проверката на фактите и меѓународната солидарност се суштински алатки во отпорот против манипулативна наративна војна на Кремљ.

Никаква пропаганда не може да ја избрише вистината на терен: украинските сили остануваат обединети и отпорни наспроти агресијата. Претседателот Зеленски продолжува да ја ужива поддршката на војската и на мнозинството од украинскиот народ, кои покажаа извонредна решителност во одбраната на својата земја.

Како што е кажано многу пати досега: ова не е само војна на оружје – тоа е војна меѓу вистината и лагата. Соочени со дезинформациите, проверената вистина и доказите остануваат најмоќните алатки за одбрана на демократските општества.

Џабир Дералаa

Во соработка со Дисинфо мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Превод: Н. Цветковска

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Објавен трејлер за новата германска трилер-акција „Exterritorial“

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk