Арсенал го победи Реал Мадрид во вечарашниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите со 2:1. Средбата се одржа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
На голот на напаѓачот на англискиот тим Букајо Сака во 65. минута одговори со прецизен удар Винисиус Жуниор во 67. минута. Конечниот резултат го постави Габриел Мартинели во судиското продолжение.
Во 13. минута од натпреварот беше досуден пенал против мадриѓаните, кој Сака не успеа да го реализира.
Следуваше досуден пенал за Реал, но поништен по интервенција на судиите од ВАР.
Арсенал се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1 и ќе игра против ПСЖ. Реал Мадрид и официјално нема да може да го брани трофејот освоен минатата сезона.
Интер вечерва ремизираше со Баерн во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите – 2:2. Средбата се одржа на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Резултатот го отвори напаѓачот на Баварците Хари Кејн во 52. минута од натпреварот. Домаќините потоа постигнаа два гола во низа преку Лаутаро Мартинез и Бенџамин Павард. Во 76. минута, дефанзивецот на гостинската екипа Ерик Диер го израмни резултатот со гол со глава од „мртов“ агол.
Интер го победи Баерн на вкупен резултат 4:3 (прв натпревар 2:1) и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра против Барселона.