Без вода денеска од 09:45 часот се корисниците од улицата „Скоевска“ во Општина Бутел.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф 5/4“ на улицата „Скоевска“ бр.44.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.