Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп.
Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализиран
а иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор. Протестите на 5 април се одржаа под мотото „Рацете подалеку“.Вчерашните протессти се совпаднаа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна. Наместо класични демонстрации, организаторите повикаа на „ден на акција“, за потсетување на лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила. Во рамкоте на протестот имаше работни акции за чистење населби и собирање храна и производи за хигиена за донации.
На Националната алеја во Вашингтон се собраа илјадници демонстранти со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој е депортиран во Ел Салвадор. Протестот се спои со штрајкот на вработените од Бирото за заштита на потрошувачите, чиј персонал беше скратаен за 90 отсто. Цел на критики беше Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.
Имаше и контрапротести, но тие не беа пречка главните протестите да поминат мирно, иако имаше апсење на демонстранти поради наводни напади врз полицијата. На други локации се одржаа протести пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс, додека организаторите истакнаа дека заемната помош е начин за отпор и солидарност.
Масовни протетсти вчера се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку градови.