За време на Велигденските празници, во периодот од 17 до 21 април, на подрачјето на СВР Штип беа преземени засилени мерки во областа на сообраќајот, при што беа контролирани 1 294 возила и беа издадени вкупно 258 прекршочни платни налози, информираат денеска преку соопштение од Секторот за внатрешни работи – Штип.
Во него се посочува дека при контролите, од сообраќај биле исклучени 21 возачи, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, односно 14 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.
-За управување возила со брзина поголема од дозволената беа издадени 107 прекршочни платни налози, а 129 за нерегистрирани возила, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во овој период биле регистрирани 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и пет со материјална штета.