Преземете го овогодинешниот постер за Денот на планетата Земја и видете го вашето име во Landsat. Со онлајн интерактивата „Твоето име во Landsat“ на НАСА, корисниците можат да го напишат своето име, а потоа да ја видат и симнат графиката на тоа име напишана во карактеристиките на Земјата што се наоѓаат во сликите на Landsat.
Програмата Landsat, е заедничко вложување помеѓу НАСА и Геолошкиот институт на САД (USGS), ја набљудува Земјата повеќе од 50 години, собирајќи неверојатни слики и непроценливи податоци кои се користат за проучување на површината на нашата планета што се менува, информираат од НАСА.
На сликите на Landsat подолу, е впишано FRONTLINE.
Линк до онлајн интерактивата „Твоето име во Landsat“.
Денеска, 22 април, светот го одбележува Денот на планетата Земја – глобален повик за заштита на животната средина и промовирање на одржливи практики.
Овогодинешната тема „Нашата моќ, нашата планета“ повикува на итна колективна акција за да се забрза глобалната промена кон обновливите извори на енергија.
Денот на планетата Земја првпат беше одбележан во 1970 година, и оттогаш прерасна во најголемата светска еколошка иницијатива, во која учествуваат повеќе од милијарда луѓе секоја година.
Ј. Ѓорѓиоски