ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Додик: Не се кријам, денеска сум во Сараево, па на слава, па ќе одам во Москва за парадата

April 24, 2025 15:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Првостепено осудениот претседател на РС, Милорад Додик денеска и се обрати на јавноста по одлуката на високиот претставник да ги прекине исплатите на буџетот за СНСД и Обединета Српска. Тој го коментираше и обидот да биде приведен.

Додик уште еднаш остро го критикуваше високиот претставник Кристијан Шмит, оспорувајќи го неговиот легитимитет и надлежности и рече дека РС нема да почитува никаква одлука што ќе ја донесе.
Додик го нарече Шмит „лажен гувернер“ и „фашист“, нагласувајќи дека законите и одлуките што тој ги наметнува се против Уставот на Босна и Херцеговина и дека немаат правна основа, пренесе Klix.ba.

„Кристијан Шмит нема легитимитет, нема права и авторитет. Нашите бошњачки партнери го прифатија неговиот авторитет бидејќи тој е против нас во РС, но тоа најмногу му штети на опстанокот на самата Босна и Херцеговина. Ниту една земја не преживува ваква интервенција“, рече Додик.

Според него, Република Српска, која сочинува 49 отсто од територијата на Босна и Херцеговина, нема да прифати „наметнувања и лажни наративи“ кои доаѓаат од меѓународната заедница и вели дека институциите на РС ќе реагираат со суспендирање на примената на спорните акти и повикување на нов договор за иднината на Босна и Херцеговина.

„Решението е ФБиХ да ни го предаде Шмит за да можеме да се справиме со него, да го процесираме, да го затвориме во нашите затвори и да му судиме. Ако е тука, ќе го уапсиме. Решението е тоа, Шмит и одлуките надвор. Потоа ќе ги суспендираме нашите акти кои беа реакција од спроведувањето и ќе продолжиме кон договор за можна БиХ“, рече Додик.

Додик уште еднаш го оспори постоењето на државните правосудни институции, тврдејќи дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина не се утврдени во Уставот и дека високиот претставник нема право да предлага или да наметнува закони.

„Законот може да го донесе само Парламентарното собрание на БиХ и тој мора да биде во согласност со Уставот. Сè друго е ништовно“, нагласи тој.

Тој ја коментираше и актуелната политичка криза и најави отпор низ институциите, со силна порака дека гонењето на политичкиот врв на РС нема да помине без последици.

„Каков начин е наеднаш да се гони претседателот, претседателот на Народното собрание, премиерот, министрите? Ако некој мисли дека нема да се браниме, се лаже.

Зборувајќи за неговото присуство на настаните, тој ги отфрли обвинувањата дека се крие или бега.

„Дали ви изгледам како бегалец? Денес сум во Источно Сараево, во недела сум во Градина, па на слава, па одам во Москва на парадата. Секогаш се враќам, рече Додик.

На прашањето за присуството на голем број полицајци за време на неговите настапи, Додик одговори:

„Тоа само покажува колку сум важен. Полицијата ги проценува безбедносните ризици, а нивната професионална проценка е дека осигурувањето е неопходно.

На крајот, Додик не скрши зборови кога ја коментираше меѓународната заедница и одлуката на Шмит да ги суспендира буџетските средства за СНСД и Обединета Српска поради антидејтонската политика.

„Какви суетни будали. Како е можно некои политички партии да добиваат средства, а други не? Тоа е нивната демократија. Нека се *бе и тој  и неговите одлуки!“, порача Додик.

Д. Т. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ердоган: Би можел да разговарам со Путин и Трамп за средба во Истанбул

July 25, 2025

ЕУ ќе и додели 15 милиони евра помош на албанската Армија

July 25, 2025
АI Generated Image

Нејмар се враќа во Европа

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk