ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Добро, Бугарите не се во Уставот, но каде се Македонците!?

April 26, 2025 10:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Да бараш правда во Македонија е како да бараш љубов во куплерај.

Правдата е балон од свински желудник со кој граѓаните играат фудбал на гумното.

Се што може да се добие и во куплерајот и во Македонија, е добра ебачина.

На таканаречениот народ тоа му е од некаде познато, но тој прифаќа по цели денови и ноќи да ја следи расправата за реформите во правосудството кои се погусто распоредени во неговата празна исполнетост од влакната на венериното брегче на сексуалната работничка од прва класа во јавната куќа на власта.

Демек, во харемот на власта.

Во  кој сите не ебат во мозокот и во џебот.

Култура не може да се добие ниту толку.

Еднаш бев со една таква поотмена работничка која ме однесе во својата соба во хотелот и ми рече дека за парите што ѝ ги понудив можам да добијам што сакам.

И реков дека сакам да ми изрецитира нешто од Дилан Томас, таква ми беше предиграта, ништо злобно или потценувачки, туку нешто што мислев дека е адекватно на ситуацијата.

Арно, ама, таа почна: „Староста нека не си оди тивко во ваква добра ноќ,
нека разбеснува и пали до крајот на сета своја моќ,
против умирањето на светлоста нека рика и рита.”

Тричко, си реков, ова е повеќе од секс.

И беше.

Луѓето на мои години се клукаат со вијагри и други хемикалии, а сѐ што им треба е добра поезија од жена која знае да ја кажува, не да рецитира како гласноговорник на некоја политичка партија, туку да ја кажува како да ја живее.

Како што се секса.

Каков културен пакет за тие пари можеш да добиеш во Нордот?

Заветна?

Љутков?

Нешто во слава на македонскиот народ.

Битово.

Таговно.

Блаблабла!

Сета поезија, без Лазар Попов, тежи помалку од пет стихови на Томас.

Концептот на системот тука никогаш не била правдата, туку власта. А кај културата не била културата, туку нацијата. Како што кај верата никогаш не била верата туку црквата, повторно залепена за нацијата, а не за Господ.

А и животот имал други приоритети.

Дури и луѓето кои креваа револуции под мотото „нема правда-нема мир“ немаа таков концепт, туку повеќе сакаа да видат некоја жртва од тие што беа крале над сите општоприфатени норми.

Хахаха!

Да ја бутнат власта која ги направи невозможни како луѓе, односно ги качи на покривите да ја гледаат страшната поплава од просташтво, обесчовеченост и непоимлива глупост и сеопшта пљачка и да инсталираат нешто попристојно, понормално, подобро поевропско.

Јас не мислам дека обидот беше неуспешен. Тој беше таков затоа што беше немоќен да се одбрани од црешовите топчиња на комитлакот кои во меѓувреме беа инсталирани на менталните гениталии на големото мнозинство од народот, а не затоа што не даде добри резултати во контекстот во кој беше реализиран. И можен. Повеќе од тоа што народот му го овозможи и, дури, заслужи. Заедно со злосторничката алтернатива. Луѓето не сакаа да водат сметка за тие релативности и не сакаа да видат ништо друго освен спектакли. Всушност – порази!

Спектакли од порази!

Така македонскиот народ ја пропадна шарената револуција.

Го пропадна и сдсм.

А ја пропадна и Македонија.

По втор пар: на прагот на Европа!

Нацијата ја фатија на класичната мамка: Бугарите!

Како сомка на пченка.

Не ги пуштивме нашиве сограѓани во мочаната преамбула, што е цивилизациски пораз за Македонците.

Но, не само цивилизациски туку и политички и национален, зашто тој бран засилено почна да ја рони македонската нација и македонската држава. Во мерка која преостанатата нормалност ја тера да се праша: добро, Бугарите не се во Уставот, но каде се Македонците?

Јас ќе ви кажам: У курац!

Кој во геополитичките престројувања и земјотреси еректира толку што сите ќе може да нѐ собере како ражниќи.

Хахаха!

Тоа што ние го бараме од Бугарите, е исто со тоа што тие го мислат и го бараат од нас. Дури мислам дека нашите барања се порадикални и побесмислени. Ние бараме тие да не мислат дека Македонците некогаш биле Бугари, а тие оставаат простор дека комунистите успеале од Бугарите да произведат добри Македонци. Тоа е за нив исто со она што ние го мислиме за себе. Во таа смисла, ние сме тотално против бугарскиот идентитет и достоинство, додека тие не се толку безобразни.

Минатата недела напишав еден статус. Еве го тука како финиш на оваа убава колумна:
„Првата работа која Македонците треба да ја избришат од својот културен модел и светоглед е ознаката ‘душмани’.

Македонија и Македонците немаат душмани во смислата во која тие го употребуваат овој термин.

Надворешни душмани.

Имаат соседи и други субјекти со поинакво видување на Македонија, на некои аспекти од нејзината историја, па и на нејзиниот, односно на нивниот идентитет, но тоа не се душмански работи, туку се светогледни аспекти на нивната културна матрица како многу реални и во историска и културна смисла лесно објасниви и аргументирани становишта.

Многу е погрешно и особено штетно за таканаречената македонска кауза тие позиции да ги третира како душмански.

Кај нас има сили кои инсистираат на таа душманологија – не за да ја одбранат Македонија од ‘душманите’ – туку за да ја воведат во пеколот или да им ја подарат.

Со други зборови – да ја избришат како современ субјект.

Мораме да појдеме кај најдобриот историски оптичар кој ќе ни вгради нови леќи.

Или предводени од вмро да продолжиме да се глупираме.

До последниот Македонец/Македонка.“


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Трамп вели Украина и Русија се многу блиску до договор

НАЈНОВО

Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025
Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk