ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ бара оставка од Тошковски за нарушената безбедност на улиците

April 26, 2025 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Хаос владее на улиците – безбедноста на граѓаните е сериозно нарушена! Додека Панче Тошковски  се изживува врз граѓаните и поднесува кривични пријави за објави на Фејсбук, криминалните банди му праќаат порака дека тој не ја контролира безбедноста и не му се плашат. МВР, под водство на Панче Тошковски, како никогаш досега е паднато на колена до таа мера, што вчера пред полициска станица, сред бел ден во Скопје, се случи уште една мафијашка престрелка. Пред очите на јавноста, во двор на полициска станица се случуваат крвави пресметки со загинати и повредени, истакна на прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа истакна дека „ова е тотален распад на безбедносниот апарат. Нешто сериозно не е во ред со институциите, со системот. А цената за неспособноста во управување со безбедносниот систем ја плаќаат граѓаните и тоа прескапо, со своите животи“.

„Како може да нема одговорност за никој во МВР и во полициските структури? Дури и за најголемата трагедија во Кочани се уште нема одговорност од актуелни полициски функционери кои на денот на пожарот биле на позиции а не презеле ништо.

Безбедноста е нарушена, криминалот и насилството се шират на секој чекор, во МВР владее тотален хаос и нефункционалност а никој не презема одговорност.

Уште колку луѓе треба да загинат за Панче Тошковски конечно да понесе одговорност?

Доста беше Тошковски. Време е за оставка, време е за одговорност.

Тоа е прв чекор за враќање на безбедноста на улиците, во државата, за враќање на мирот и спокојот на граѓаните.

Потребни се промени и итни реформи во безбедносниот систем, нови мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителните области!

Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв. Граѓаните заслужуваат мирен, безбеден и достоинствен живот!

СДСМ ќе продолжи гласно да се бори за враќање на безбедноста на улиците, владеење на правото и за функционални институции што работат во интерес на граѓаните!“, изјави Цветаноска.

Tags: оставкаСДСМТошковскиЦветаноска
Next Post

Зеленски по средбата со Трамп во Ватикан: Многу симболичен состанок што има потенцијал да стане историски

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk