Зеленски и Трамп имаа 15-минутен разговор во базиликата Свети Петар, во Ватикан, пред погребот на папата Франциск.
– Добар состанок. Разговаравме еден на еден многу. Се надеваме на резултати за сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловно прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на уште една војна. Многу симболичен состанок што има потенцијал да стане историски, ако постигнеме заеднички резултати. Ви благодарам претседателе Доналд Џ. Трамп, напиша украинскиот претседател Зеленски во објава на социјалните мрежи.
Лидерите се согласија да ги продолжат разговорите денеска. Тимовите работат на организирање на продолжението на состанокот, посочи портпаролот на украинскиот претседател, портпаролот Сергеј Никифоров.