Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), заедно со шефот на политичкиот штаб Бајрам Реџепи, пратеничката Рина Ајдари и генералниот секретар Фатон Ахмети во Тетово одржаа средба со партиските структури.
– Албанците никогаш не биле потчинети, дури и во најтешките ситуации. Демократската унија за интеграција има интелектуален и политички капацитет да биде чувар на заштитата на оние достигнувања кои со труд и пожртвуваност ги оживеавме, изјави Ахмети.
ДУИ, додаде тој, секогаш ќе остане несварлив залак за сите оние кои имаат злобни намери против Албанците.
Д. Ј.