ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Грозданова: Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

April 29, 2025 15:57
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што беше воведена во 2024 година. Од друга страна, незадоволителен е опфатот со МРП вакцината. Опфатот со оваа вакцина во скопските општини Аеродром, Карпош и Центар бил под 60 – 70 отсто, што доведува во висок ризик од појава на епидемија со морбили.

Овие информации ги сподели денеска национаналниот координатор за имунизација на Република Северна Македонија, Александра Грозданова, на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Скопје.

– Ниеден родител не треба да се соочи со болест како што се пертусис и морбили, болести што на оваа територија кај нас ги имавме последните неколку години, токму поради намалување на опфатот за овие две вакцини, подвлече Грозданова во изјава за медиумите.

Таа рече дека има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што воведена во 2024 година.

– Од друга страна, сѐ уште се бориме со зголемување на опфатот со МРП вакцината. На овие простори имавме и епидемија од морбили. Еден јавен апел до родителите – ова е безбедна, квалитетна вакцина што секаде и во западноевропските земји и секаде во светот се користи и навистина е безбедна и заштитува, истакна Грозданова.

Таа апелираше родители да се советуваат со здравствени работници, педијатри, фамилијарни доктори, во однос на заштитата што оваа вакцина ја обезбедува.

– Имаме неколку скопски општини, најурбаните – Центар, Карпош и Аеродром, каде опфатот со оваа вакцина навистина ни е многу низок, под 60 – 70 отсто, тоа што е важно да се знае и тоа нѐ доведува во висок ризик од појава на повторно епидемија со морбили. Имаме општини во внатрешноста, па и некои скопски, каде што имаме и над 90 проценти со истата вакцина. Што значи дека родителите генерално имаат доверба во вакцинацијата, во системот, но, најверојатно, влијанието на социјалните мрежи, на неточните информации, дезинформациите, доведуваат до тоа голем дел од родителите да бидат во заблуда, одговори таа на новинарско прашање.

Претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Лесли Милер рече дека вакцините се еден од најголемите успеси на човештвото.

– Тие се најбезбеден и најефикасен инструмент што го имаме за да ги заштитиме нашите деца од болести што можат да го загрозат животот. Благодарение на децении напорна работа, милиони деца денес се поздрави, учат подобро во училиште и стануваат успешни членови на своите заедници. За да ги заштитиме сите наши деца, вклучително и новороденчињата и оние кои не можат да бидат вакцинирани, мора да одржуваме стапки на имунизација над 90-95 проценти. Колективниот имунитет не е само слоган, тоа е штит што го градиме заедно, рече Милер.

Таа истакна дека вакцината МРП (морбили, заушки и рубеола) е една од најважните за децата, бидејќи морбилите се еден од најзаразните вируси во светот – предизвикуваат тешки болести, компликации, па дури и смрт.

– Во Северна Македонија сѐ уште сме далеку од колективен имунитет, со национална покриеност со МРП вакцина од само 72,7 отсто во 2024 година што претставува пад во споредба со 73,4 проценти во 2023 година, рече Милер.

Таа додаде дека родителите се клучните носители на одлуки за вакцинирање на своите деца.

– УНИЦЕФ и Министерството за здравство работат во партнерство за да обезбедат сигурни и проверени информации што ќе им помогнат на родителите да ги разберат придобивките од вакцинацијата, рече Милер.

Уште една причина за загриженост, како што нагласи Милер, е ниската покриеност со ХПВ (хуман папилома вирус) вакцинација. Само половина од 14-годишните девојчиња во Северна Македонија биле целосно вакцинирани.

– Всушност и девојчињата и момчињата треба да се вакцинираат, бидејќи постојат силни научни докази дека ХПВ вакцината може да спречи до 90 отсто од случаите на рак на грлото на матката. 50 проценти покриеност едноставно не е доволно. Оваа вакцина е безбедна. Таа е ефективна. И може да спаси уште повеќе животи не само со заштита на вакцинираните, туку и со создавање колективен имунитет што ги штити и другите, истакна Милер.

Претставникот на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата во Северна Македонија, Аким Али рече дека СЗО во соработка со УНИЦЕФ го поддржува Министерството за здравство за да обезбеди вакцини за сите возрасни и за сите деца со цел да се спасат животи.

– Ова не е време за повлекување. Знаеме дека по епидемијата со Ковид имаше одредени прашања околу вакцинацијата, меѓутоа, ова се базира на докази. Вакцинацијата спасува животи, истакна Али.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека мотото оваа година е „Имунизација – придобивка за сите“.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во 2024 година имало покачување на процентот на вакцинирани луѓе во однос на трите претходни години.

– Како Министерство за здравство, повторно успеавме оваа година да обезбедиме 385 милиони денари за вакцинирање и ќе се обидеме оваа година повторно да сензибилизираме граѓани за да се вакцинираат што повеќе. Затоа со помош на СЗО веќе се обезбедени во 18 општини, 35 тимови за вакцини, коишто одат врата до врата да им кажат на луѓето колку е важна вакцинацијата. Апелирам до сите да се вакцинираат што повеќе, на таков начин обезбедуваме посигурна иднина за нас, за нашите деца и за целото општество генерално. Што повеќе се вакцинираме, толку помалку болести има шанси да имаме во иднина, додаде Таравари.

Директорот на Здравствен дом – Скопје, Самир Исени информираше за предвидените активности наредниот период.

– Во врска со Неделата на имунизацијата, Здравствен дом – Скопје ќе организира активности за теренска вакцинација на деца кои се испуштени од разни причини во 39 населени места во сите градски и приградски општини на Скопје и околината, во периодот од денеска до 9 мај, соопшти Исени.

Родители ќе биле контактирани за да доаѓаат во вакциналните пунктови поради испуштените вакцини.

Централниот настан по повод Недела на имунизација, планирано е да се одржи в сабота, а Исени најави тимови да даваат совети и флаери во врска со имунизацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk