Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, во обраќање до јавноста по состанокот на владејачката коалиција во РС, во досега најсилната геноцидна реторика од негова страна, изнесе низа навредливи, шовинистички и историски неосновани тврдења што предизвикаа бројни реакции во регионалната јавност,пишува Klix.ba, пренесе ЦивилМедиа.
Во своето обраќање, Додик рече дека Босна и Херцеговина „се распаѓа“ и дека нејзината трага „смрди на нечовечност“. Во неколку наврати, тој ја оспори легитимноста на високиот претставник Кристијан Шмит, нарекувајќи го „нелегален“ и тврдејќи дека „муслиманите“ (како што постојано ги нарекува Бошњаците) , „ги прифаќаат неговите одлуки и се надеваат на вторo пoлувреме“.
Најскандалозниот и навредлив дел од неговиот говор се однесуваше на директен повик до Бошњаците е „ да и се вратат на православната вера“, со тврдење дека во тој случај Босна и Херцеговина ќе биде „ со српско мнозинство“ и дека „само како таква може да постои“.
„Решението за Босна и Херцеговина е следново: муслиманите да се вратат на својата стара православна вера. Се обидуваме да дадеме конструктивни предлози. Постојат докази дека нашите предци се преобратиле во ислам под отоманска принуда. Затоа ова е вистинското решение за мене“, рече Додик.
Додик понатаму изјави дека „Бошњаците треба да се вратат на религијата на своите предци, за да може Босна и Херцеговина да биде мнозинство Срби“.
Додик зборуваше и за статусот на Брчко, презентирајќи нејасен предлог округот „да се врати во Федерацијата, но 50 проценти“, додавајќи дека тогаш „треба да се повлече линијата на разграничување“. Тој ја обвини бошњачката страна дека Брчко е наменето како „клин во рамките на РС“, тврдејќи дека Србите се мнозинство таму и дека „нема прашање за заземање на таа област“.
На крајот од своето обраќање, тој го повтори својот претходен став дека Србија треба да застане зад Република Српска, велејќи дека „одбраната на Србите, без разлика каде се наоѓаат, е државен интерес на Србија“.
„Србија стои зад Република Српска. Во своите одбранбени планови, Србија рече дека одбраната на Србите, каде и да се, е државен интерес. Повторувам, нека се вратат Бошњаците во православната вера и Босна и Херцеговина ќе биде мнозинство српско, а потоа можеме заедно да изградиме држава.“
Во неговите изјави, имаше и пораки протолкувани како отворено поткопување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина и поттикнување на верска и национална нетрпеливост.
Д. Т. / Цивил Медиа