На 5 мај, И-ХИ Тинк-Тенк (Интелигентна Хумана Иднина) во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, ќе ја одржи својата официјална промоција и претставување на првиот позициски документ насловен „Вештачката Интелигенција – Меч со Две Сечила“. Настанот ќе биде посветен на дебата за потенцијалите и етичките предизвици што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), со фокус на нејзиното одговорно користење во служба на општествениот развој.
Меѓу говорниците ќе настапат Валентин Нешовски, експерт за медиуми и комуникации, политикологот Тони Поповски и Владимир Владимиров, претприемач и претставник на Бугарското здружение за ВИ. Тие ќе отворат дискусија за тоа како ВИ може да биде поттик за општествен напредок, економска стабилност и одржлива иднина, доколку се развива врз основа на етички вредности и социјална одговорност.
На настанот се очекува присуство на експерти за вештачка интелигенција, креатори на политики, претставници на граѓанското општество и индустриски лидери. Целта на И-ХИ Тинк-Тенк е да го охрабри дијалогот за интеграција на ВИ како алатка што ќе му служи на човекот, наместо обратно.