ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стојановски: Доколку се подели пратеничката група на коалицијата „Вреди“, Владата ќе функционира нормално

April 30, 2025 16:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието. Ваков е коментарот на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на новинарско прашање за изјавата на Халил Снопче од АА на Таравари кој рече дека ако нивната партија е надвор од Владата, неминовно доаѓа до прашањето за нови парламентарни избори.

– Ние неколкупати сме кажале дека мнозинството неофицијално брои две-третини односно над 80 пратеници. Јас ве уверувам дека и покрај таа ситуација, доколку стане актуелна се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно. Ние сме подготвени во секој момент на предвремени избори, но таквите нема да ги има заедно со локалните, одговори Стојановски на новинарско прашање.

Тој рече дека нема да го поддржи предлогот на СДСМ да се поднесе предлог-закон за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

– Она коешто е индикативно е зошто Венко Филипче сега овој момент предлага таков закон за помош на овие луѓе, а не предлагаат таков закон за оние лица коишто го загубија животот во пожарот на модуларната болница, оние лица коишто ги загубија своите животи во трагедиите во Ласкарци и Бугарија. Така да одговорот на ова прашање е јасен семејствата на починатите и на повредените целосно ќе имаат поддршка од владата, рече Стојаноски.

Според него, Владата којашто е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата на коишто се одвојуваат за сите општини во  Македонија, со цел да помогне на општината Кочани.

Паралелно со тоа се водат преговори со повеќе инвеститори уште имаат донесено одлука да инвестираат во Република Македонија своите капацитети да ги изградат во индустриската зона во Кочани. Сакам да потсетам дека Владата ги покрива трошоците на оние коишто се лекуваат во странство, но ќе продолжи да ги помага и тие коишто се повредени, но и семејствата на починатите, рече Стојаноски на прес-конферецијата по денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Next Post

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши додека градоначалниците на Кочани се пуштени на домашен, претставува селективна правда и политичка одмазда

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk