Денес им оддаваме почит на сите работници – на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, напиша премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
Трудот, како што посочува Мицкоски, е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.
-Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот, истакнува Мицкоски.
Посочува дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.
-Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин. Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот, се анведува во шеститката од премиерот Мицкоски.
Синдикатите пак, денеска со масовен протест го искажаа својот револт, побараа повисоки плати и достоинствен живот.
Тука сме за минимална плата од 500 евра, помножена по коефициент за сложеност затоа што 500 евра плата не е доволно. Затоа што две минимални плати не овозможуваат основни трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство. Ќе дојдеме многу повеќе ако не ги зголемат платите. Бараме пристојна плата за пристојна работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) пред Владата каде што заврши првомајскиот протестен марш.
Прочитајте и:
(ФОТО) Протест за 1 Мај: „Протестираме за плата“, „Инфлација само за нас, за нив папаја и Вашингтон“