Денес се навршуваат 6 месеци од падот на настрешницата во Нови Сад, а студентите и граѓаните им оддадоа почит на жртвите во 11:52 часот пред железничката станица, јавуваат српски медиуми.
Студентите во блокадата и 5 национални синдикати повикаа на денешниот протест на платото пред зградата на Владата во Белград, кој започнува во 14 часот.
Учениците на ултрамаратонот преноќија во Виена, каде што беа пречекани вчера, а денес го продолжија своето патување кон Брисел.
Под слоганот „Шест месеци, нулта одговорност“, групи луѓе од различни делови на градот пешачеа до местото каде што се случи трагедијата на 1 ноември.
„Се собираме не само како знак на солидарност со сите оние кои живеат и работат во услови на неправда, несигурност и потценување на човечкото достоинство, туку и како знак на сеќавање на трагедијата што длабоко го потресе нашиот град“, истакнаа студентите од Нови Сад.
Д. Т. / Цивил Медиа