ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа

May 1, 2025 09:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, како што најави вчера, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра, почитување на колективните договори и зголемување на платите на вработените согласно придобивките од истите.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на протестот, бидејќи како што појасни вчера претседателот Благоја Ралповски, смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.

Трендафилов најави дека на протестот ќе се приклучат и други синдикати кои, потенцираше, застануваат на страната на работнички права.

– Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов.

Само синдикалци, нагласи Трендафилов, можат да направат штета на работниците.

– Како што сум кажувал многу пати во минатото и кога синдикалци поддржуваат владини политики тоа секогаш е на штета на работниците. Тоа што го кажал и претседателот на УПОЗ минатите неколку денови е тоа што има уцена за укинување на еден колективен договор за 130 илјади работници во јавниот сектор во Македонија на сметка на неколку илјади работници во јавниот сектор. Тоа што забораваат да ви го кажат или забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои за жал, слават први мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што е предвидено денеска и со закон и со колективен договор. ССМ нема да дозволи ниту еден работник од ССМ да пати за зголемување на платите, кажа Трендафилов.

Тој истакна дека нема социјален дијалог, затоа што нема Економско-социјален совет, репрезентативен синдикат на страна на работниците, нагласувајќи дека не мора да биде ССМ, туку кој било друг синдикат.

– Се додека имаат изговори дека немаат социјален партнер репрезентативен од спротивната страна да ги истакнува барањата на работниците ако не нè слушаат на маса ќе нè слушаат на улица, рече Трендафилов.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, вчера изјави дека КСС секогаш излегувала на протест кога за тоа ќе почувствувала дека има потреба и дека денеска ќе биде дома со семејството.

– Сега велиме дека имаме добар социјален дијалог и затоа на ваков начин го одбележуваме 1 Мај. Кога ќе почувствуваме дека ќе бидат загрозени нашите права или ќе бидеме дискриминирани, тогаш, бидете сигурни, нема да го чекаме 1 Мај, туку веднаш ќе излеземе на протест, дециден е претседателот на КСС, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“.

Според него, и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со Владата која покажала подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но, зошто тоа нема да се случи, треба, оцени, да кажат оние што ќе протестираат.

Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржа во Чикаго на кој се бараше осумчасовен работно време. Во знак на почит кон жртвите, во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба. Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестени маршеви. Во земјава, 1 Мај е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот.

Tags: ССМ
Next Post

Посебен режим на сообраќај во Скопје

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk