ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Убав е нашиов народ

Имам впечаток дека истиот оној народ што беше на Маршот за ангелите, како да беше и на протестот на работниците за Први Мај

May 1, 2025 16:39
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Додека чадот од скарата се издига како димна завеса над колективната меморија, а колони возила го окупираа граничниот премин Богородица-Евзони, Сојузот на Синдикатите повика на протест за повисоки плати и подоинствен живот на работникот. Но, кај нас, за жал, Меѓународниот ден на трудот сѐ повеќе наликува на продолжен викенд отколку на ден за борба. Празникот роден од крвта на работничките протести во Чикаго 1886 година денес е сведен на пладневна апатија, каде синдикалната борба е заменета со продолжен викенд во Солун или скара на блиската ливада, а социјалната правда – со пластични столчиња, хартиени чинии и ура и лајк на Фејсбук.

Иако официјално се слави како ден на работниците, Први мај во нашата стварност звучи сѐ помалку како вик на гнев, а сѐ повеќе како гласна тишина. Работничките права се сè уште тема за која најгласно зборуваат оние што имаат најмалку да изгубат – отпуштени, исцрпени, мигрирани, маргинализирани. Профитот триумфира, капиталот не познава граници, Владата си се договара со Стопанските комори и олигарсите, а работникот – сè почесто е декор и монета за поткусурување на политичко-економските празни муабети помеѓу Владата и Стопанската комора, за потоа да е само слика од дијаспората на социјалните мрежи.

Таа е реалноста, драги мои.

Синдикатите, барем оние најгласните се испокарани. Додека ССМ повикува на протест, КСС велат арно е – нема да учествуваме на протестот.

Имало, велат – добар социјален дијалог со Владата.

Не ми се верува што читав.

Каков е тој синдикат што не повикува на протест за работнички права и која е поентата на нивното постоење никогаш не сум можел да сфатам? Ама ете го, го има, се вика Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Од што се задоволни, кој е тој добар социјален дијалог, ќе објасни ли некој?

-Ќе бидам дома со семејството. Оваа, како и претходната година кога ги повикавме сите пратенички групи да го дадат своето размислување во делот на програмите, да ветат пред нас, сакаме да ги решаваме проблемите низ дијалог. Всушност, секогаш решавањето на проблемите на крајот доаѓа на маса, низ социјален дијалог. Сега велиме дека имаме добар социјален дијалог и затоа на ваков начин го одбележуваме 1 Мај, вели претседателот на КСС.

И ете го уште ќе си има медиумска покриеност, ќе го факторизираат, ќе го канат на состаноци во Влада. Ајде овие властелиниве и да ги разберам, ама тие работниците што членуваат во таков синдикат, никако не можам да ги разберам.

Па потоа се прашуваме зошто Синдикатите не се двигатели на промена, туку фикуси во институционални канцеларии. Наместо на улица, гласот на работникот се слуша во формализирани соопштенија, каде секоја критика е обвиткана во дипломатски памук. Кога последен пат видовме масовен протест за повисока минимална плата? За поголема заштита при работа? За крај на злоупотребите со договори на определено време? Работничките проблеми се реални, но борбата – само симболична. А сето тоа е резултат на полтронски инфицирани божем синдикални работници онакви како оние од КСС, а впрочем се тоа слуги на власта, која и да е.

За да се артикулира генерален повик треба да се прави разлика во синдикалните лидери и организации на кои работниците треба да им веруваат. Овде, барем засега, е јасна разликата.

Први мај не е само празник – тој е потсетник. Потсетник дека осумчасовниот работен ден не е даден од Господ, туку извојуван со крв. Потсетник дека секоја плата, секој слободен ден, секое породилно отсуство – се изборени права, не подарени. А правата што не се бранат – исчезнуваат.

И не, не станува збор само за ниските плати, иако тоа е најгорливото. Проблемите на работниците се структурни: од неформална економија, преку злоупотреба на работни односи, до институционална незаинтересираност. Државата е партнер на капиталот и олигарсите, а не заштитник на трудот. Законите се донесуваат, во служба и со договор со газдите, не со работниците. Инспекциите постојат, но поарно да ги нема. Системот штити газди, не работници.

Во сето тоа, младите растат во свет каде трудот се девалвира, а успесите се поврзани со среќа, врски и миграција. Од училиштата до универзитетите, ретко се зборува за работнички права, за солидарност, за синдикализам.

Кога борбата се заборава, неправдата станува нормална.

Затоа, можеби токму денес е време за нова преработка на Први мај, како автентичен граѓански протест. Протест против социјалната нееднаквост. Протест за достоинствен живот. Протест за работничко достоинство што не се мери по бројот на неработни денови, туку по квалитетот на секој работен.

Ако сумирам, денешниов протест кој го снимав и доживеав, дава надеж.

Беше масовен и имаше енергија.

Имам впечаток дека истиот оној народ што беше на Маршот за ангелите, како да беше и на протестот на работниците. Оние пак што не се помрднаа од летните бавчи „за ангелите“, се истите што заминуваат на продолжен викенд за први мај.

Тоа е тоа.

Убав е нашиов народ.


Текстот е личен став на Авторот

 

(ФОТО) Протест за 1 Мај: „Протестираме за плата“, „Инфлација само за нас, за нив папаја и Вашингтон“

(ФОТО) „Бараме плата колку вашата“ – протест на ССМ за Први мај

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025

Електронски свидетелства од наредната учебна година

July 1, 2025

Вирусот мпокс може да го инфицира и човечкиот мозок, покажува истражување на швајцарски научници

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk