ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

May 2, 2025 17:07
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ (RSF), и сега се наоѓа на 42 место. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го оцени извештајот како реален и балансиран приказ на состојбите во медиумскиот сектор, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи.

Според извештајот, македонското национално законодавство и натаму не е целосно усогласено со европските стандарди, а злоупотребата на т.н. SLAPP тужби останува средство за притисок врз критичките медиуми и новинарите.

Иако извештајот забележува позитивен чекор со назначување контакт точки во Јавното обвинителство и МВР за напади врз новинари, продолжуваат случаите на заплашувања, притисоци и физички напади, особено кон новинари кои известуваат за корупција и злоупотреба на моќ.

„Репортери без граници“ нотираат и дека негативниот и понижувачки однос на одредени носители на јавни функции кон новинарите создава атмосфера на недоверба и недостоинство, што дополнително ја влошува безбедноста на медиумските работници.

Во економски аспект, финансирањето на медиумите е оценето како ограничено и нетранспарентно, со што редакциите се изложени на економски влијанија.

Извештајот особено го потенцира контекстот на изборната 2024 година, во која политичката поларизација придонела за засилен партиски дискурс во јавната комуникација и медиумите.

ЗНМ оценува дека овие наоди претставуваат сериозен сигнал до институциите и бара итни и координирани реформи. Како клучни приоритети ги наведуваат:

  • Усогласување на националното законодавство со Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA),

  • Формирање фонд за поддршка на медиумскиот плурализам,

  • Ефикасно решавање на сите случаи на закани и напади врз новинари,

  • Воведување правни заштити против злоупотреба на SLAPP-тужби,

  • И промовирање култура на почит и транспарентна комуникација меѓу политичарите и медиумите.

Од ЗНМ потенцираат дека остануваат посветени на поддршка на сите иницијативи кои ќе ја унапредат слободата на изразување, ќе ги подобрат условите за работа на новинарите и ќе ја зајакнат довербата на јавноста во медиумите.

Поврзано: 

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите низ целиот свет во 2025 година е на најниско ниво

Tags: ЗНМРепортери без граници
Next Post

До три месеци затвор или казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk