Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел беше меѓу неколкуте специјални гости кои од галеријата на парламентот го следеа изборот на конзервативецот Фридрих Мерц за канцелар, јави ДПА.
Меркел и Мерц – двајцата членови на Христијанските демократи (CDU) – се скараа откако Меркел го доби водството на партијата во 2002 година, а Мерц постепено се повлече од политиката за да продолжи кариера во корпоративното право пред да се врати по пензионирањето на Меркел во 2021 година.
Меркел во февруари му честиташе на својот поранешен противник за неговата победа на изборите и му посака „среќа“, потсетува ДПА.
Облечена во бледо жолто сако, Меркел накратко стана, се насмевна и им мавна на собраните пратеници кога претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, ја поздрави на седницата.
Меркел седеше до Рита Зусмут, која беше претседателка на Бундестагот од 1988 до 1998 година.
Меѓу другите гости беа претседателката на Горниот дом, Анке Релингер, и комесарката за вооружени сили на германскиот парламент, Ева Хегл, пренесе ДПА.