ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мургашанска со детали за корупциски скандал: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

May 7, 2025 12:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран и спроведен под директно влијание на градоначалникот Максим Димитриевски. Денес членовите на ЗНАМ и поддржувачите ќе дознаат дека движењето на ЗНАМ е движење за корупција и богатење на нивниот претседател Максим Димитриевски. Ќе видиме како големиот поборник за правда Димитриевски, кој својата кариера ја изгради противејќи се на ДУИ, сега во соработка со советниците токму на ДУИ, си изгласа ДУП, со кој очигледно дебело се офајди со сума од 350.000 евра. Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од советниците на ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција, истакна на прес-конференција советничката на СДСМ во Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска.

„Фактите се следни:

Прво, преку политички притисок и манипулации, се изгласа измена на Деталниот урбанистички план на просторот кај поранешен ЧИК Куманово, односно простор од над 40.000 м² државно земјиште, под изговор за инвестиција на „Лидл“.

Но зад навидум добрата намера, се крие добро осмислена шема за лично богатење преку семејни, кумски и политички врски. Фактите се јасни и недвосмислени:

Во август 2023, Општина Куманово распишува тендер за продажба на државно земјиште во индустриската зона Речица. Се знае однапред – купувач ќе биде „Лидл“. Продажбата е директно од државата кон Лидл, со цена од 5,5 милиони евра. До тука нема ништо спорно.

Но сега внимавајте, само два месеци подоцна, друга парцела која е во сопственост на таткото и братучедот на Димитриевски, е купена од кумот на Димитриевски,  Драган Митевски, за 250.000 евра. По само неколку дена, истата парцела е препродадена на „Лидл“ – за 600.000 евра. Кумот на Димитриевски, кој го купил земјиштето од фамилијата на Димитриевски, заработил 350.000 евра – за неколку дена. Без бизнис, без инвестиција, без ризик. Само со купи-продај!

Почитувани граѓани, ова е корупција чиста како солза! Може ли Димитриевски да ги поучи граѓаните како со купување и препродажба на земјиште за неколку дена се прави профит од 350.000 евра?

Да ја потсетиме јавноста, дека првиот обид за носење на ДУП-от пропадна заради судир на интереси на советникот на ЗНАМ. Откако ова не им успеа, Максим Димитриевски и Кумот решаваат да го донесат овој ДУП по секоја цена и наоѓаат нов начин.

Тука во пресрет им излегува наводно лутата опозиција против која Максим се бори – а тоа е ДУИ. Со помош на гласовите на ДУИ, вчера општината го усвојува ДУП-от.

Ова е класична шема на тргување со влијание. Ова е злоупотреба на службена положба. Ова е корупција на дело. Градоначалникот сè уште се обидува да се скрие зад закони и процедури, додека негови блиски роднини, кумови и политички соработници прават бизнис на грбот на државата и граѓаните.

Прашања кои мора итно да ги одговори Димитриевски:

Од сите парцели во Куманово, како точно „Лидл“ завршува со имот на семејството на Димитриевски?

Како тоа за неколку дена пораснала цената на земјиштето повеќе од двојно?

Дали реномирана компанија е намерно навлечена да плати повеќе?

Колку пари од оваа зделка во џеб има ставено градоначалникот и неговата фамилија?

Како тоа ДУИ, која на хартија е опозиција, гласа за предлог на градоначалник кој нема мнозинство? Нели ДУИ беа оние против кои се бореше ЗНАМ на Максим Димитриевски? Или кога е бизнис во прашање добри се? Дали е точно дека за да изгласаат, им е ветена противуслуга на поединци?

И за крај едно директно прашање и до премиерот Мицкоски. Премиере, зошто Максим Димитриевски има право да си соработува со ДУИ за свои интереси, а Таравари не смее?“, изјави Мургашанска.

„Бараме институциите итно да постапат во овој очигледен скандал. Бараме ЈО да поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба, тргување со влијание и потенцијална корупција. Бараме ревизија од Државниот завод за ревизија за целата постапка на измена на ДУП-от. Бараме итна постапка и од Државната комисија за спречување корупција. Овој случај нема да го заташкате. Куманово не е приватен бизнис на семејството Димитриевски. На граѓаните им должиме чиста институционална средина, а не тајкуни со функција. Ве повикуваме сите – новинари, граѓани, институции – да ја следите оваа афера до крај. Ова е тест за државата“, истакна Мургашанска.

 

Tags: ДУИЗНАМкорупциски скандалМаксим ДимитриевскиМургашанска
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

Нов веб-сајт на ЈСП Скопје и автобуски линии „100“ и „200“ за Саемот на книгата

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk