ЈСП информира дека новиот веб-сајт на ЈСП Скопје е достапен на адресата https://skopjebus.mk/. Оттаму велат дека новиот веб-сајт има за цел да им овозможи на граѓаните подобра и поефикасна информираност за услугите на Јавното сообраќајно претпријатие.
„Клучни предности на новиот веб-сајт:
Модерен, адаптивен дизајн
Оптимизација за мобилни телефони, таблети и десктоп компјутери – за одлично корисничко искуство, без разлика од каде пристапувате.
Интуитивна навигација
Јасна и едноставна структура која овозможува брз пристап до сите информации со само неколку клика.
Пристап до клучни информации
Најважните содржини и известувања од ЈСП Скопје сега се полесно достапни за сите корисници.
Подобрени перформанси и брзина
Веб-страницата е значително побрза, што значи пократко време на вчитување и поголема ефикасност во секојдневната употреба.
Кориснички ориентирана содржина
Ажурирани текстови, визуелни елементи и повици за акција прилагодени на потребите на современите посетители.
Тријазична верзија
Веб-сајтот е достапен на македонски, албански и англиски јазик, овозможувајќи инклузивен пристап и подобра информираност за сите граѓани и гости на градот“, истакнуваат од ЈСП.
ЈСП Скопје, како што се наведува во соопштението, ќе овозможи полесен пристап на посетителите на 37 – от „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. За таа цел, од 8.05.2025 год. (четврток) до 14.05.2025 год. (среда), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.
Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.
Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“)
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.
Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
.