Во Баку слета свионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, јавија српските медиуми. Авионот не може да го продолжи патувањето кон Москва, бидејќи нема дозвола за летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извештај на агенцијата Танјуг чиј новинар ја следи таа посета на српскиот претседател.
„Сите земји претходно даваа дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради борбени операции.Во овој момент, московските аеродроми се исто така затворени. Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала“, се наведува во извештајот.
Според податоците на страницата за следење на летови „flightradar24“, авион „Ембраер“ полетал денеска од аеродромот во Белград и слетал во Баку.